Поврзи се со нас

Гостивар

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Објавено

на

    Во Ниќифорово во чест на славниот народен херој, Чеде Филиповски-Даме денес масовно и достоинствено беа одбележани 100 години од неговото раѓање. Настанот собра голем број на граѓани, жители на селото и околните места, луѓе од други градови во земјава, како и претставници на институции, личности од јавниот и политичкиот живот. Сите заедно му оддадоа почит на великанот на НОВ каква што заслужува, за својот придонес во извојувањето слобода за Македонија.

    Делегации со претставници на семејството на херојот, државниот врв, институции, политички партии, Сојузот на борци, касарната во Кичево што го носи неговото име и институции положија букети цвеќе пред бистата и спомен чешмата.

    Во обраќањето на манифестацијата претседателот на Македонија, Стево Пендаровски нагласи:

    „Знаете дека името на вашето место (Ниќифорово) значи „победоносец“, реткост е името на едно населено место, толку доследно да ги изразува моралните вредности на неговите жители и да биде верен приказ на неговата историја. Нема посимболично место од ова кое дало толку многу борци за слобода. Се потсетуваме на најпознатиот и најголемиот од нив, Чеде Филиповски-Даме. Живеел само 21 година, а станал инспирација на цели генерации. Не смееме да ги заборавиме великаните на НОВ, и секогаш одново да се инспирираме од нивната борба и жртва за слобода , чувајќи го споменот на нив се потсетуваме и на вредностите неопходни да се изгради едно слободно и праведно општество“.

    За животот, делото и карактерните црти што го краселе херојот од Ниќифорово, присутните се потсетија преку говор напишан од неговиот брат Ацо Филиповски. „По природа е правичен, сериозен и бунтовен, не трпи неправди се формирал во лик на борец кој целосно ќе се вклучи во работничката борба за менување на состојбите со непоколеблива посветеност. Успева да ги смири и консолидира состојбите и смело да тргнува напред. Со Чеде на чело израснаа нови активисти и комунисти од целиот мавровски крај. Уште во екот на борбата стана легенда на храброст, непрегор, омраза кон непријателот. Го напушти животот како херој на храброста“, беше наведено меѓу другото во говорот.

    Исто така, беше прикажан и документарен филм со сведоштва и сеќавања за Чеде Филиповски-Даме од негови блиски, соработници, другари партизани.

    Гостите на свеченоста имаа можност да ја посетат спомен собата посветена на херојот, во која се изложени ретки фотографии од него со семејството, блиските и соборците, книги со тематика од НОВ, плакети кои ги добивал, исечоци од весници како и негови лични предмети.

    Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма со настап на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ и Владо Глигоровски. Одбележувањето го организираше одбор граѓани од Ниќифорово.

    Cede Filiposki 100 godini (12)
    Cede Filiposki 100 godini (19)
    Cede Filiposki 100 godini (7)
    Cede Filiposki 100 godini (5)
    Cede Filiposki 100 godini (3)
    Cede Filiposki 100 godini (22)
    DSC_9237
    Cede Filiposki 100 godini (16)
    nas
    Cede Filiposki 100 godini (13)
    Cede Filiposki 100 godini (18)
    Cede Filiposki 100 godini (14)
    Cede Filiposki 100 godini (15)
    Cede Filiposki 100 godini (21)
    Cede Filiposki 100 godini (17)
    Cede Filiposki 100 godini (2)
    Cede Filiposki 100 godini (10)
    Cede Filiposki 100 godini (8)
    Cede Filiposki 100 godini (23)
    Cede Filiposki 100 godini (20)
    Cede Filiposki 100 godini (4)
    Cede Filiposki 100 godini (11)
    Cede Filiposki 100 godini (9)
    Cede Filiposki 100 godini (6)
    Cede Filiposki 100 godini (12) Cede Filiposki 100 godini (19) Cede Filiposki 100 godini (7) Cede Filiposki 100 godini (5) Cede Filiposki 100 godini (3) Cede Filiposki 100 godini (22) DSC_9237 Cede Filiposki 100 godini (16) nas Cede Filiposki 100 godini (13) Cede Filiposki 100 godini (18) Cede Filiposki 100 godini (14) Cede Filiposki 100 godini (15) Cede Filiposki 100 godini (21) Cede Filiposki 100 godini (17) Cede Filiposki 100 godini (2) Cede Filiposki 100 godini (10) Cede Filiposki 100 godini (8) Cede Filiposki 100 godini (23) Cede Filiposki 100 godini (20) Cede Filiposki 100 godini (4) Cede Filiposki 100 godini (11) Cede Filiposki 100 godini (9) Cede Filiposki 100 godini (6)

     

    Чеде Филиповски е роден во 1923 година во село Ниќифорово. Детството и основното училиште го завршува во родното село. Веднаш потоа, по традицијата на сите свои соселани, на 14 годишна возраст оди на печалба во Белград, бил голем вљубеник и во скијањето. По нападот на германската фашистичка авијација на Белград, Чеде се враќа во својот роден крај, каде веднаш се приклучува во подготовките за ослободување на земјата и е еден од организаторите на НОВ во Мавровско-гостиварскиот крај. Тогаш, по славниот илинденец Даме Груев започнува да го користи партизанското име – Даме. Бригадата на чие чело стоел и Даме редела победи во Грција, Албанија, во Македонија, Богомила, Кичево, Дебар, Кленоец, Пресека, Дебарца, Локов, Брждани, Буковик, Вруток, планина Голак и Стогово, повторното ослободување на Кичево и Дебар завршувајќи го својот победоносен сон со ослободувањето на својот крај – Гостивар. Член бил на КПЈ и на МК на КПЈ (1941), член на РК на КПЈ за Маврово и раководител на Воениот штаб (1942), Секретар на Околискиот комитет на КПМ (1943), заменик политички комесар во Мавровско-гостиварскиот НОПО, командант на баталјон и заменик-командант на бригада (1943), заменик-командант и командант на 48. (македонска) дивизија на НОВЈ (1944). Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, како претставник од гостиварскиот крај. На истото заседание на списокот со народни претставници на АСНОМ за членови на АВНОЈ под реден број 3 бил избран и Чеде Филиповски (работник од Гостивар). Станал потпретседател на Главниот одбор на НОМС и член на Централниот одбор на УСАОЈ. По Ослободувањето завршил виша воена академија во Белград.

    Загинува на 22 години кај Радовиш на 26 јуни 1945 година во сообраќајна несреќа, при судар на неговиот мотоцикл со автомобил возејќи од Штип за Струмица. За народен херој прогласен е на Илинден 1949 година.

    Слава му!

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 7 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 9 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 12 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 14 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 15 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 17 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 18 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 1 ден

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена