Вести
Беспилотно летало се урна ноќеска во Загреб

Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушна во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало. Според Индекс.хр, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал дрон. Пронајдени се и два падобрана
Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага. Нема официјална потврда за какво беспилотно летало се работи.
Американскиот експерт за воена авијација и уредник на The War Zone на The Drive, Тајлер Роговеј, претпоставува од она што го видел на фотографиите и снимките од Загреб, најверојатно станува збор за Туполев Ту-141 кој најверојатно е расипан и долетал од Украина, која е единствениот познат актуелен оператор кој користи Ту-141.
Едното крило, пишува тој, останало главно недопрено, што овозможило да се потврди сомнежот дека работи за тој дрон, пишува Роговеј.
Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето