Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!



  • Дата: 03/05/2019 | 19:14

Без слободни медиуми, нема комплетна демократија!

Денес во светот се одбележува 3-ти Мај, Меѓународен ден на слободата на медиумите. Одлуката за негово прогласување е донесена од Генералното собрание на Обединетите Нации во 1993 година, како резултат на генералната конференција на УНЕСКО, две години порано. Во резолуцијата на конференцијата се наведува дека независниот печат е основен елемент на секое демократско општество. Целта е да се даде значење на улогата на медиумите во градењето на мирно и праведно општество, да се дебатира околу слободите на новинарското изразување и да се потсети на принципите на новинарството.

“Ниту една демократија не е комплетна без пристап до транспарентни и веродостојни информации. Тоа е камен-темелник за градење на фер и непристрасни институции, одржување на одговорни лидери кои ја зборуваат вистината”, се вели во годинешната порака на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, по повод 3-ти Мај.

Темата на Меѓународниот ден на слободата на медиумите 2019 е: Новинарството и изборите во време на дезинформации.

Напишете коментар