Поврзи се со нас

Вести

Бездомници згрижени во интернатот во Гостивар поради снегот и поларниот студ

Објавено

на

Две бездомни лица, кои зимата и екстремно ниските температури ги поминувале на отворено и во импровизирано живеалиште во Гостивар, денес се згрижени и привремено сместени во ученичкиот интернат. Акцијата ја спроведе Општинската организација на Црвениот Крст – Гостивар во соработка со Центарот за социјални работи и локалната самоуправа.

„Мобилната екипа изврши евакуација на двајца бездомници кои беа на отворено на температури до  -10 степени, и тие сега се сместени во средношколскиот интернат за ученици во Гостивар. На бездомниците им беше поделена хуманитарна помош, пакети со прехрамбени производи, ќебиња, душеци и греалка.“, соопшти гостиварскиот Црвен Крст.

Министерството за труд и социјала деновиве упати повик до граѓаните да пријавуваат бездомни лица на кои им е потребна помош, во услови на екстремно ниски температури. „Доколку забележите бездомно лице, пријавете во центрите за социјална работа и Црвен крст. Дежурните тимови ќе ги згрижат бездомниците во Момин Поток или во другите регионални пунктови.“, наведоа од Министерството.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена