Вести
Богат спортски викенд за љубителите на спортот од Гостивар
Викендов за гостиварци ќе има понуда за сите спортски сладокусци, бидејќи на програмата има елитна кошарка, кошарка и фудбал од втората лига.
Спортскиот викенд ќе го отворат фудбалерите на Генч Калемлер. Во рамките на 11-тото коло, со почеток во 14:30 часот, на градскиот стадион во Гостивар ќе ја пречекаат екипата на Пелистер од Битола. Во истиот термин, вториот претставник на Гостивар во ова натпреварување, фудбалскиот клуб Гостивар ќе ги одмери силите со ФК Скопје во Скопје.
Спортската програма продолжува во спортската сала Младост. Од 17 часот, играат девојките на ЖКК Гостивар во Првата кошаркарска лига – Жени. Гостиварки во третото коло ја пречекуваат екипата на Шкупи.
На истиот терен од 19 часот во рамки на третото коло во Втората македонска кошаркарска лига екипата на КК Гостивар ќе ги пречекаат кошаркарите на КК Ангели од Скопје.
Во недела спортскиот викенд ќе се затвори со прволигашка кошарка. Претставникот на Гостивар во најелитното кошаркарско натпреварување, КК Гостивар ќе му гостува на вицешампионот МЗТ Скопје. Натпреварот во СЦ Јане Сандански започнува во 17:30 часот, со директен ТВ пренос на МРТВ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград