Поврзи се со нас

Гостивар

Борба за чист воздух и здравје! Почна блокадата на Русино, се кршат копја за ѓубрето од Гостивар

Објавено

на

Започна блокадата на Русино. Точно напладне, рампата што води кон таканаречената депонија беше спуштена и според најавите на организаторите од Граѓанската иницијатива „Стоп Русино, чист воздух за Гостивар“, приодот за камиони со ѓубре ќе биде забранет во наредните 10 дена. Планирано е 24 часовно дежурство.

Блокадата ќе важи и за камионите на Комуналец-Гостивар, се додека не запре горењето на Русино и не се постават камери за обезбедување.

„Ја затворивме рампата за сите возила со ѓубре, вклучувајќи ја и Општина Гостивар. Камионите на Комуналец-Гостивар ќе почнеме да ги пропуштаме само кога ќе ги исполнат нашите барања: да прекине горењето на ѓубриштето, да се затрупува редовно, да се стави видео надзор, затоа што таму камери нема и обезбедувањето да работи 24 часа, а не само 8. Исто така, општината да испрати барање за помош, до Влада до Армијата. Ако ги исполнат овие барања, возилата од Гостивар ќе ги пропуштаме. А за сите останати, блокадата важи до крај. Наша крајна цел е дислокација на Русино“, рече Десо Матески, од Граѓанската иницијатива.

Матески изјави дека се соочил со притисок и закани од страна на директорот на ЈП „Комуналец“, Исак Лазами.

„Вчера имав лични закани од директорот на комуналното претпријатие и тоа го пријавив и во полиција. Поради тоа со него не сакам да преговарам, отсега ќе преговараме само со градоначалникот“, рече Матески.

Од друга страна директорот на „Комуналец“ Лазами изјави дека немаат алтернатива и отпадот ќе го носат на Русино. Тој демантираше дека упатувал закани кон активистот.

„Не е точно дека сум упатувал закани кон тоа лице што ме пријавило. Освен за тоа, денес дојдов во Полициската станица и да ја информирам полицијата дека граѓаните прават блокада, нема да ги пуштаат нашите камиони, со што го попречуваат нашето работење. Ние немаме друга алтернатива, каде на друго место да го носиме отпадот. Гостиварскиот смет се менаџира како што треба. Ние првиот чекор го направивме – да не се носи ѓубре од другите општини, и за тоа ја поддржуваме Граѓанската иницијатива. Сите ние сакаме да имаме современа депонија, но додека немаме таква депонија, ние сметот што го прават граѓаните на Гостивар, мора да го носиме горе. Замислете два дена да не се подигнува ѓубрето од контејнерите, што ќе се случи?“, рече Лазами.

Од Гостивар дневно се собираат околу 40 тони отпад.

Граѓанската иницијатива Стоп Русино, чист воздух за Гостивар доби поддршка од Екогерила – Тетово, Првата детска Амбасада Меѓаши, Green Power – Велес и други здруженија кои се активни на полето на заштита на животната средина.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена