Здравје и убавина
Брусница – овошје полно со минерали

Брусницата е полна со витамини Ц, А и Е, како и со минерали – калциум, калиум, магнезиум и железо. Брусницата има специфично пријатен горко киселкаст вкус. Се користи на најразлични начини, најдобро е да се консумира свежа или сушена, а исто така може да биде и обработена во џем, слатко, сокови и слично.
Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Сувите брусница содржат полифеноли со антиинфламаторни својства, кои помагаат да се намали хипертензијата и да се спречи таложење на тромбоцити, што го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми.
Тие спречуваат инфекции на уринарниот тракт
Со конзумирање на брусница внесуваме голема доза на проантоцијанидини во организмот, кои се антиоксиданси кои спречуваат бактериите кои предизвикуваат инфекции да се залепат на ѕидовите на уринарниот тракт.
Тие се корисни за луѓе кои страдаат од дијабетес тип 2
Брусницата има понизок гликемиски индекс, поради тоа што немаат дополнителен шеќер, или пак им е додадена мала количина шеќер, па има помала реакција на инсулин.
Тие помагаат во зачувување на здравјето на забите и непцата
Ова растение содржи елемент кој спречува бактериите да се прикачат на забите, а помага и во спречување на болести на непцата.
Тие ја подобруваат меморијата и го забавуваат развојот на деменција
Според едно истражување докажано е дека секојдневното консумирање на грст брусница значително ја подобрува меморијата на испитаниците кога станува збор за секојдневните настани (визуелна епизодна меморија), функционирањето на невронската мрежа и доставувањето на крв во мозокот (перфузија на мозокот ).
Брусницата може да се конзумира во сушена форма, во капсули, како чај или како сок.
Чајот се подготвува така што една кафена лажичка од овошјето се прелива со 2,5 dl зовриена вода, се остава покриен до 15 минути, па се процедува и се пие до три пати на ден.
Кога станува збор за сок, две чаши незасладен сок од брусница дневно се доволни за превенција.
Брусницата не се препорачува за луѓе кои земаат лекови против згрутчување.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!