Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што е спирулина? Како се користи и дали има нуспојави?

Објавено

на

Спирулината доаѓа во форма на зелен прав или во форма на таблети, но всушност е алга која се користи уште од античко време. Се верува дека е едно од најстарите растенија на земјата и се смета за суперхрана.

Содржи многу минерали, витамини и хранливи материи, а се користи за намалување на умор, како и за бројни други проблеми. Сепак, спирулината може да предизвика и несакани ефекти кај некои луѓе.

Што е спирулина?

Спирулината е всушност еден вид сино-зелена алга која расте во морска и свежа вода, а најзастапена е во Австралија и Кина.

Добар извор е на витамините Б1, Б2, Б3, но и на железо, магнезиум, цинк и фосфор. Покрај тоа, содржи и бета каротен, како и здрави киселини.

Спирулината ја користеле уште многу одамна како лек за одредени здравствени состојби и болести. Денес оваа алга се користи како додаток, во форма на прав или во форма на капсули, а се пие по специфични упатства.

Токму поради својот состав, спирулината има многу предности:

Содржи здрави состојки

Само една лажица од овој прав содржи четири грама протеини, 47 отсто од дневниот внес на бакар, 11 отсто од дневниот внес на железо, а содржи и магнезиум, фосфор, манган, како и здрави масни киселини.

Има антиинфламаторни својства

Содржи многу антиоксиданси, кои можат да го заштитат телото од оксидативно оштетување што може да доведе до хронично воспаление. Подеднакво, богата е со витамини и минерали, па затоа е добра за зајакнување на имунитетот.

Го намалува холестеролот

Некои студии покажуваат дека редовното консумирање на спирулина го намалува лошиот холестерол и триглицеридите и го зголемува нивото на добриот холестерол. Токму затоа е добро за срцето бидејќи ги одржува артериите здрави.

Ги ублажува симптомите на алергија

Иако треба да се направат дополнителни истражувања, се верува дека одредени дози од оваа алга може значително да ги намалат симптомите на алергискиот ринитис кои се јавуваат кај луѓето кои се алергични на животински влакна, прашина и полен.

Добро е за мускулите

Спирулината е добра и за спортистите и луѓето кои водат активен живот, бидејќи поради антиоксидансите што ги содржи, ја намалува можноста за оксидативно оштетување што се јавува при вежбање, но и ја подобрува мускулната сила и издржливост.

Дали спирулината има несакани ефекти?

Исто како и сите додатоци, и овој може да има одредени несакани ефекти. Поточно, не треба да го земаат луѓе кои имаат автоимуна болест, луѓе кои земаат лекови кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, лекови кои ја разредуваат крвта или лекови за контрола на шеќерот во крвта.

Исто така, не се препорачува за употреба кај деца, како и кај трудници и доилки.

Некои луѓе може да бидат алергични на спирулина, па затоа треба да реагирате кога ќе се појават симптоми по земањето на оваа алга. Спирулината може да содржи и тешки метали и бактерии кои кога се земаат во големи количини, можат да го оштетат црниот дроб. Токму затоа треба да внимавате каде го купувате.

А најдобро е да се консултирате со лекар пред да земете спирулина.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена