Гостивар
Чествување на Богојавление во Ростуше, Радика и Гари
Монашкото братство на Бигорскиот манастир го прослави големиот христијански празник Богојавление-Водици со Божествена златоустова литургија во храмот Пресвета Богородица во селото Ростуше, литија до Ростушки мост, осветување на водите и положување на светиот крст во реката Радика. Одбележување имаше и во Гари.
Годинава над двесте и педесет млади луѓе влегоа во Радика кога Епископот г. Партениј го положи крстот во реката, благословувајќи ги претходно сите со татковски благослов. Најголемата радост ја имаше Александар Најдовски од Битола, кој по втор пат го извади чесниот крст од осветените води на Радика.
Потоа, за прв пат беше извршен Богојавленски водосвет и осветени водите на Гарска Река во селото Гари. Благословот, да го извади чесниот крст од нејзините брзи води го имаше младиот Виктор Нестороски.
„Задоена од светопреданискиот дух на Црквата Христова, Бигорската Света Обител со достоинство и велелепие го празнуваше празникот на Троичното Богојавление, настанот на најголемото откритие во историјата – имено, откривањето на единиот Бог во Троица. Божествено јавување, Просветление, Очистување. На душата олеснување од гревовите и исконско радование.“, соопштија од Бигорски.
фото:Бигорски манастир
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди