Поврзи се со нас

Гостивар

Судски совет ја врати Ристеска во Кривичен до објава на пресудата за „Ласкарци“

Објавено

на

Судскиот совет на 474-та седница донесе одлука новоизбраната судијка во скопска Апелација, Александра Ристеска, времено да биде упатена во Основниот кривичен суд Скопје, сѐ до објавувањето на пресудата за случајот „Ласкарци“.

Ристеска е член на судечкиот совет за предметот „Ласкарци“, поради што постеше опасност од враќање на предметот кој трае повеќе од четири години од почеток.

Рочиштето за објава на пресуда за случајот „Ласкарци“ е закажано на 25 јануари годинава.

Во случајот кој се однесува на автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени се обвинети Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како и тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, кои се товарат за соучество во истото дело.

Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Александра Ристевска, заедно со останатите новоизбраните судии во Апелациониот суд Скопје вчера дадоасвечена изјава пред Судскиот совет.

Судскиот совет на седница на 15 ноември ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област и Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани за судии од граѓанската област во Апелациониот суд Скопје.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена