Спорт
Четврто Светско првенство во скијање за гостиварецот Виктор Петков
Од 5 до 19 февруари, во француските ски-центри Куршевел и Мерибел се одржува 47-то Светско првенство во алпско скијање.
Дел од овој светски настан ќе биде и 23-годишниот скијач од Гостивар, Виктор Петков кој денеска замина за Франција, под водство на селекторот Антонио Ристески.
На Петков ова ќе му биде четврто Светско првенство. На последното кое се одржа во Италија имаше најдобар резултат, освојувајќи го 36 место во дисциплината велеслалом.
Натпреварите во техничките дисциплини слалом и велеслалом каде ќе настапува Петков ќе се одржат од четврток до недела.
„Секој постигнат резултат во официјалните натпревари на овој Светски Куп ќе го сметаме за голем успех. Направивме голем напор што подобро да се подготвиме за претстојните предизвици. Лошото време и состојбата со мали количини на снег ги надополнивме со подготовки во Австрија. Искрено се надеваме на добри резултати, со оглед на условите кои ги имаме“, изјави за Gostivarpress.mk, Гоце Петков, претседател на Ски клубот Сноу Спорт каде и Виктор е член.
Виктор е студент на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје во Скопје, а со скијање се бави од својата трета година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар