Гостивар
„Да го направиме Гостивар еко-град!“ – почна Европската недела на мобилност

Објавено
пред 4 месецина

Гостивар се приклучува кон одбележувањето на Европската недела на мобилност, чија цел е да се подигне свеста на граѓаните во борбата против аерозагадувањето – помалку да користат автомобили, а почесто велосипеди или да пешачат.
Активностите ги организира гостиварската локална самоуправа во соработка со здружението ГВ еко. Одбележувањето започна денес со симболична прошетка до Кејот на Вардар. Во деновите што следуваат ќе бидат промовирани патеки за велосипедистите, пешачка зона во централното подрачје, ќе има ден без автомобили и слично.
„Европската недела на мобилност ја одбележуваме под мотото „Гостивар без автомобили-пешачи или вози велосипед“. Сметаме дека е важно да се подигне свеста кај граѓаните, да почнеме да се бориме против аерозагадувањето и да се грижиме за нашето здравје, бидејќи навистина загадениот воздух е причина за многу болести. За жал, навиките се такви да се користи автомобил и за 500 метри. Тоа треба да се менува, за доброто на сите. Да се потрудиме да го направиме Гостивар еко град. Ги поканувам сите граѓани да ни се придружат во активностите“, изјави Валентина Штерјоска од Гв еко.
Надлежните за екологија во Општина Гостивар нагласија дека борбата против загадувањето на воздухот е заедничка и секој треба да даде свој придонес.
„Во Програмата за заштита на животната средина за 2020-та предвидовме вакви настани за подигнување на свеста кај граѓаните, во иднина да се бориме заеднички да имаме што повеќе патеки за велосипедистите и пешаците“, рече Зуди Џелили, раководител на одделение за животна средина во О.Гостивар
Ден без автомобили ќе се организира на 22 септември, со промовирање на пешачка зона во центарот на градот во 10 часот и велосипедско дефиле во 11 часот. Еден ден претходно во Летниот амфитеатар ќе се одржи настан за презентација на еколошките програми и проекти.
Европската недела на мобилност трае од 16 до до 22 септември.
АНКЕТА:

Урнебес во Младост, „падна“ Куманово (91:83)

Седум пати повеќе оздравени од новозаразени со корона во Гостивар последните 24 часа

Следете го во живо натпреварот помеѓу КК Гостивар и Куманово (Livestream)

Во Гостивар се потрошиле 750 брзи ковид тестови, обезбедени се уште 2.000

КК Гостивар – Куманово денеска од 18 часот

Брзо и бесно возење по патиштата на подрачје на Гостивар, казнети 60-тина возачи

Јануарските пензии ќе се исплаќаат од вторник, просечно се покачени за 185 денари

Малолетник каснат од куче скитник во Добридол

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

(ВИДЕО) Локал крај патот Тетово-Гостивар полн со танчерки и гости, најден е и пиштол

Фото вест: Гостиварец си го паркирал џипот на плоштад меѓу новогодишните украси…

Џоџо Вокер нов плејмејкер на гостиварци

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата