Поврзи се со нас

Култура

Дебата во Гостивар: Младите да бидат креатори на културната сцена!

Младите во Гостивар треба активно да се вклучат во иницирање и организирање на културни настани и да станат креатори на културната сцена. Ова беше еден од заклучоците на дебатата посветена на гостиварската младина на тема: Каков културен простор има Гостивар?

Актерот и директор на Гостиварски театар, Висар Вишка кој беше еден од говорниците, рече дека е неопходно младите сами да покренуваат иницијативи, да не се плашат од предизвикот и да бидат упорни во остварувањето на своите цели. „Не треба да чекате секогаш финансиски средства само од Министерството, има и други начини како да ги реализирате идеите и проектите“, рече Вишка. Тој се осврна и на новоформираниот Гостиварски театар и на значењето на оваа установа за театарската уметност во градот.

Дебатата ја организираше невладината АДИ.

„Сакавме да им дадеме шанса на младите да ги искажат своите ставови околу културата во нашиот град, да ги слушнат искуствата и пораките на луѓето кои се дел од оваа фела, но и да ги поттикнеме да размислуваат критички и да бидат повеќе активни во општествените текови“, рече проект координаторот Моника Велјаноска.

Свое излагање имаше и Јетон Весели од Инбокс студио, кој со младите го сподели искуството со организирањето на Парк фестивалот што се одржа летово во Гостивар. Претставникот од Министерството за култура, пак Исмаил Мислими ги презентираше можностите коишто Министерството ги нуди за стипендирање и поддршка на младите во областа на културата.

Дебатата се одржа во рамки на проект поддржан од Амбасадата на Република Чешка во Скопје.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно