Вести
Дечиња од Гостивар во мисија за свет без предрасуди и бариери
Дваесетина деца од различни националности и вероисповед од Гостивар, неколку дена другаруваа, посетуваа значајни знаменитости и природни убавини, создаваа уметнички дела и слично, со цел подобро да се запознаат и да се поттикнат на почитување на различностите.
Активностите беа организирани во рамки на проектот „Волшебни раце-волшебни зборови“, кој го спроведе Здружението за култура, спорт и образование Анисија од Гостивар.
Проектот беше заокружен вчеравечер со доделување на сертификати и изложба на слики од децата учесници, во Центарот за култура АСНОМ.
„Дружбата траеше пет дена, и децата преку игри, работилници, посети на културно-историски места во градот и околината, учеа за своите разлики и за наминувањето на предрасудите. На ваков начин се отстрануваат бариерите и овие дечиња ќе ја шират таа мисија и меѓу своите другарчиња.“, изјави Валентина Тасеска, претседател на Здружението Анисија
Проектот „Волшебни раце-волшебни зборови“ беше организиран со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар