Поврзи се со нас

Вести

Плодови полни со магнезиум – добри за срцето, нервите, мускулите…

Објавено

на

Магнезиумот со право се нарекува минерал на животот. Без него телото не би можело воопшто да функционира. Тој е важен минерал, кој овозможува функционирање на нервниот систем и мускулите. Голем број на возрасни луѓе, имаат недостаток од овој минерал во организмот.

За да го зголемите внесувањето на овој важен минерал, секојдневно во исхраната вметнете ги овие јаткасти производи. 

Бадеми

30 грама на бадеми, содржат 105 милиграми магнезиум. Покрај магнезиумот, тие се богати со витамин Е, со витамини кои го прочистуваат телото од бактерии, го одржуваат имунитетот и помагаат во одржувањето на здравјето на очите. Тие се полни со протеини кои ве заситуваат, а и можат да ви помогнат да ослабете. Содржат и омега 3 масни киселини, кои го штитат срцето.

Семки од сусам

Во 30 грама пржени семки од сусам има 101 милиграм магнезиум. Семките од сусам се и извор на железо и витамин Б6. Најдобро е да се јадат во комбинација со житарици (корнфлекс) или да се додадат во некое јадење, додека истото го пржите.

Семки од сончоглед

Во 30 грама семки од сончоглед има 128 милиграми магнезиум. Семките од сончоглед се голем извор и на калциум и 
полинезаситени масти, кои помагаат во намалувањето на лошиот холестерол во крвта кога се консумираат во умерена количина.

Можете да ги грицкате, но имајте во предвид дека во пакуваните семки од сончоглед има многу сол. Затоа најдобро е да купите не подговени семки од сончоглед и сами да ги испржите, а можете да ги додадете и во салата.

Банани

Една банана содржи 22 милиграми магнезиум. Бананите кои не се дозреани се најдобар извор на отпорен скроб и здрави јаглехидрати, кои даваат чувство на заситеност и го забрзуваат метаболизмот. Бананите содржат калиум и електролити, кои го снижуваат крвниот притисок. 

Како најдобро да се јадат? Опциите се бесконечни – можете да направите смути, да ја исецкате на кругчиња и да ја додадете во овошна каша, да додадете исецкани парчиња на банана во тостот, во комбинација со путер од кикирики или едноставно, излупете ја и издете ја така.

Семки од тиква

Во 30 грама семки од тиква има 74 милиграми магнезиум. Добар извор се и на мононезаситени масти, кои се добри за срцето; витамински влакна, а содржат и голема количина на протеини. Витаминските влакна и протеините ги прават семките од тиквата, едни од најдобрите плодови за луѓето, коишто сакаат да ослабат.

Како најдобро да ги јадете? Ставете ги во тава и пржете ги додека не добијат златеста боја и не почнат да пукаат, а потоа префрлете ги на хартија за печење. Повремено промешувајте ги, додека да се оладат и можете да ги јадете. Тие се пикантен додаток за во салата.

Грашок

Во 130 грама грашок има 48 грама магнезиум и речиси една дневна доза на витамин Ц. Грашакот е голем извор на белковини, калиум и витамин А. Грашакот можете да го испржите или да го додадете во салата. Можете да направите и супа од грашок, да го додадете во тестенини, а младиот грашок може да го јадете и суров, односно не мора да го подотвувате за да го јадете.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 11 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 15 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 16 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 17 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 18 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена