Гостивар
Делумна забрана и задолжително пријавување за движење низ шумите во НП Маврово
Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, како и препораката на Владата , НП Маврово воведе делумна забрана за движење во шумите и шумско земјиште и задолжително пријавување на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот во периодот од 6 до 20 часот.
„Пријавувањето може да го извршите во просториите на туристичкиот инфо центар во Маврови Анови или преку е-маил адресата [email protected] со пополнување и испраќање на образецот Пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово” . Доколку сакате да пријавите движење на територија на НП Маврово ве молиме да ги следите следните инструкции: Одете на линкот: http://npmavrovo.org.mk/download/5083/ и преземете го образецот: Пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово”. Истиот треба да се пополни од ваша страна, да се потпише и скениран да се испрати на [email protected]. Потоа одете на www.npmavrovo.mk/tickets од каде што можете да извршите уплата на туристичка такса за влез во паркот (30 денари по лице за секој ден од вашиот престој на територија на паркот). Во пораката која ќе ни ја испратите заедно со пополнетата пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово”, наведете име и презиме на лицето на кое ќе ја извршите уплатата на туристичка такса за влез во НП Маврово (едно лице може да изврши уплата и за поголема група на посетители), за да можеме истата да ја евидентираме и воедно да ги известиме нашите служби кои вршат контрола дека вие или вашата група сте уредно пријавени. Доколку пријавувате групата поголема од 5 лица тогаш ќе ве замолиме да ни доставите и посебен список со информации за сите посетители кои ќе бидат со вас. Откако ќе го направите ова нашите служби во најбрз рок ќе ви одговорат и ќе ви го достават образецот: Дозвола за движење на територија на НП Маврово.“, соопштија од установата.
Задолжителното пријавување за движење на територија на НП Маврово не важи за органите на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, шумскокултурни активности на територија на Н.П.Маврово, собирачи на други шумски производи и риболовци кои поседуваат важечка дозвола за риболов.
Од таму апелираат за исклучително внимание за време на престој на територија на паркот со цел избегнување на несакани последици и предизвикување на пожари. Со цел да се превенираат негативни последици, потсетуваат дека на територијата на Националниот Парк Маврово е строго забрането да се пали оган на отворен простор, да се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да се палат отпад и друг запалив материјал, како и да се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња.
Жителите на општина Маврово и Ростуше своето движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот може да го пријават кај претставниците на ренџерската служба на НП Маврово или на тел: 078 495 570 за жители на Мавровскиот регион и 078 495 598 за жителите на Реканскиот регион. Тие немаат обврската за уплата на туристичка такса.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија