Гостивар
Притвор за две лица кај кои е најдена дрога кај Неготинска клучка

Судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар вчеравечер на 42 годишниот А.М. од тетовско Горно Палчиште и на 48 годишниот Ќ.Ш. од тетовски Челопек (во отсуство) им определи мерка притвор во траење од 30 дена за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, кривично дело казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 19-ти јули околу еден часот после полноќ, на патот Гостивар-Тетово, кај Неготинска клучка, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар кај А.М. и кај Ќ.Ш., кој е во бегство и по кој се трага, пронашле кокаин.
Осомничениот А.М. вчеравечер бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје за издржување на притворот.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!