Поврзи се со нас

Вести

Демонстрации во Германија против испораките на оружје – Масовен протест во Чешка, бараат воена неутралност и руски гас

Објавено

на

Околу 100.000 луѓе вчера излегоа на улиците на Прага да протестираат против владата, барајќи од владејачката коалиција да стори повеќе за да го контролира поскапувањето на енергенсите, а тие го кренаа гласот и против Европската унија и НАТО.

Чешка мора да се ослободи и да не биде директен политички поданик на ЕУ, СТО и ОН, беше наведено во поканата за протестот.

Организаторите на демонстрациите, кои доаѓаат од бројни десничарски групи и помали групи, вклучувајќи ја и Комунистичката партија, рекоа дека Чешка треба да биде воено неутрална и треба да обезбеди директни контакти со Москва за да обезбеди евтин гас, објави Ројтерс.

Во германскиот град Касел дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите кои излегле на улиците затоа што се против испорака на оружје, меѓу другото и за Украина, соопшти полициската управа во Северен Хесен.

Како што е наведено, околу 200 демонстранти со плакати се собрале рано изутрината во реонот на компанијата од одбранбената индустрија. Демонстрантите кренаа транспарент на кој пишуваше „Стоп за испораката на оружје“.

Полицијата употреби бибер спреј и палки против демонстрантите кои во петокот рано наутро, се обидоа да го блокираат влезот на фабрика за оружје. Најмалку едно лице е уапсено.

Активистите на движењето „Разоружи го Рајнметал“ повикуваат на национални протести во обид да се запре производството и испораката на оружје за Украина.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена