Поврзи се со нас

Вести

Трет ден од Отворен Балкан, ќе се доделува „Вински трофеј“

Објавено

на

На третиот ден од Отворен Балкан на земјите членки Србија, Северна Македонија и Албанија што се одржува во Белград од 1 до 4 септември предвидено е премеирката на Србија, Ана Брнабиќ, да го додели „Винскиот трофеј Отворен Балкан“ како дел од Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отворен Балкан на Белградскиот саем“, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на траење на Саемот, вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.

Натпреварот се организира во категориите бели, црвени, рози, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи ќе бидат доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот.
На саемот учествуваат речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, пред се од Србија, од Северна Македоија (42 винарии), Албанија и земјите од регионот, но и од целиот свет, Јужна и Северна Америка и Централна Европа.

Вчера се одржа политичкиот дел на Самитот Отворен Балкан, на кој покрај претседателот на Србија Александар Вучиќ, македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

Во воведното излагање на политичкиот дел од самитот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „денес со Северна Македонија сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отворено прашање и горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни така и да ги одржиме со децении“.

Тој им честита на Северна Македонија и Албанија на почетокот на преговорите со ЕУ на што Србија помогнала во остварување на таа цел и изрази надеж дека Иницијативата ОБ и понатаму ќе допринесе на економското јакнење и поврзување, да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит истакна дека „денес е повеќе од јасно дека Република Северна Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент“

– Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конркетни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи…Оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, рече Вучиќ.

На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.
Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Северна Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

На прес конференцијата по Самитот тројцата лидери порачаа дека „не чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори заедно да ја пребродиме“.

Во бројните билатерални средби, вицепремеирот за европски прашања Бојан Маричиќ најави потпишување на Мемпрандум за соработлка со Србија за евроинтеграциите, министрката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска потпиша Програма за соработка меѓу Министерството за култура на Северна Македонија и Министерството за култура и информирање на Србија за периодот од 2022 до 2025 година.

Министерот за економија Крешник Бектеши со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ разговараше за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, а Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во рамки на Самитот на лидерите на Отворен Балкан оствари средба со срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, на која се разговараше за заеднички инфраструктурни проекти и за Отворен Балкан (ОБ) електронска наплата на патарина на автопатиштата на земјите членки на Иницијативата „Отворен Балкан“.

-Системот Open Balkan ETC е во тест фаза и до крајот на септември ќе почнеме да користиме еден ТАГ помеѓу Србија, Северна Македонија и Албанија. Секој корисник на ETC наплатата во која било земја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе може со само еден ТАГ да плаќа патарина во сите други земји од иницијативата „Отворен Балкан“, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано, кажа Момировиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа се обрати на Македонската вечер која се одржа во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан.

Тој се заблагодари за можноста да се организира ваква вечер во Белград потенцирајќи дека ова е единствена иницијатива која што е автохтона и оригинална.

-Кога ќе погледнам колку гости има секогаш и колку треба да ја кратиме листата на самити кога одиме, тоа е затоа зошто луѓето сакаат, и директорите и политичарите, и сите да одат на состаноците на Oтворен Балкан, затоа зашто ги сметаат за свои, рече меѓу другото премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека слоганот на нашиот настап на овој саем е „Вкуси го животот“.

-Затоа ве повикувам сите и во овие преостанати два дена на белградското сајмиште да вкусите македонски вина, да вкусите македонска храна, да вкусите македонска музика и на крајот кога тоа ќе ви се допадне да дојдете во Северна Македонија и да вкусите една прекрасна македонска авантура, рече премиерот Ковачевски на македонската вечер во Белград.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 7 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 18 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 18 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена