Поврзи се со нас

Вести

Дерби на колото: КК Гостивар го пречекува Куманово (сабота, 17.30 часот)

Објавено

на

Кошаркарската публика во Гостивар со нетрпение го чека утрешниот натпревар со екипата на Куманово. Гостува екипа која е голем должник на гостиварските „бело-сини“. Во минатата сезона во директен дуел за четвртата позиција во суперлигата КК Гостивар испадна од Куманово, во четвртфиналниот меч од минатогодишниот КУП гостиварци беа елиминирани од Куманово и во првиот меѓусебен дуел сезонава кумановци славеа со 75:63 во Куманово.

„Време е да се почне да се порамнуваат сметките. И многу посилни екипи ги оставале бодовите во Гостивар, не размислуваме за ништо друго освен убедлива победа на овој натпревар“, велат од КК Гостивар.

Тренерот Србиноски и играчите видно охрабрени од минатонеделната победа во Гевгелија против Кожув, максимално се сконцентрирани на следниот натпревар. Напорно се подготвуваат во студениот „Младост“ се со цел да им приредат уште едно прекрасно после пладне на гостиварската публика. На екипата и се придружи и најновото засилување, американецот Тенксли Ефаинаји, кој се очекува да дебитира во сабота.

КК Куманово се наоѓа на 7-та позиција, со 17 бодови и скор од 6 победи и 5 порази во досегашниот дел од првенството. КК Гостивар пожртвувано ја чува четвртата позиција имаат скор од 7 победи и 4 порази.

Натпреварот со Куманово се игра во сабота од 17.30 часот, МРТВ ќе врши директен пренос од Гостивар. Влезници за натпреварот може да се набават во Royal Garden и B&B Tobacco, како и на самиот ден на натпреварот на благајна.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена