Поврзи се со нас

Вести

Десет билки кои го освежуваат воздухот во домот и ја впиваат влагата

Објавено

на

Грејната сезона не може да помине без проблеми со сув воздух во вашиот дом. Иако често ветреете, не можете подолго време да ја задржите свежината во просторијата. Сепак, постои начин на кои во одредена мера, можете да ја контролирате свежината на воздухот и количината на влагата во вашиот дом. Верувале или не, во тоа можат да ви помогнат неколку видови на билки.

Во продолжение ви претставуваме 5 билки, кои ќе го озвежат воздухот и 5 билки, кои ќе го апсорбираат вишокот на влага во вашиот дом.

Билки кои ќе го освежат воздухот во вашиот дом:

1.Пачемпрес

Пачемпресот во Јапонија се смета за свето дрво. По нивното верување, душите на починатите се собирале во неговото стебло. Ова зимзелено растение, носи свежина во вашиот дом и ги впива нечистотите. Некои велат дека ги намалува симптимите на мигрена и главоболка. За да опстои, потребно е да стои на свежо место и редовно да се полева со вода.

2.Кактус

Оваа билка прави чудесни работи: го освежува воздухот, произведува големи количини на кислород и ги неутрализира штетните материи во синтетитечките материјали. Со оглед на тоа дека во себе ја задржува влагата, не му е потребно често полевање со вода. Не бара премногу внимание, па можете да ја чувате во било кој дел од домот.

3.Фикус

Со оглед на тоа дека го освежува животниот простор, фикусот е една од најпопуларните домашни билки. Оваа билка го исполнува воздухот со кислород, ги неутарализира токсините, вирусите и ја впива прашината. Бара голем простор и постојана светлост. Најчеста сорта на оваа билка е Бенџамин, кој брзо расте и не треба често да се полева со вода.

4. Лозица

Оваа билка е слична на бршленот – го опфаќа просторот, околу кој расте. Расте кон светлоста. Брзо се прилагодува на свежиот воздух и постепено го освежува. За да опстои, треба да се чува на свежо место и често да се полева.

5. Каланхоа

Оваа билка, која потекнува од Мадагаскар е создадена за простор, каде што има сув воздух. Во листовите ја задржува влагата и помага во регулирањето на свежина во околината каде што се наоѓа. Не треба често да се полева со вода, но треба да се стави на место каде што ќе биде повеќе изложена на сончевата светлост.

Билки, кои ќе ви помогнат да се справите со вишокот на влага во вашиот дом:

1.Спатифилум

Се верува дека оваа билка носи љубов во вашиот дом, па често ја нарекуваат женска среќа. Не само што ја апсорбира влагата и ја регулира климата во просторот, туку и ја уништува мувлата. За да опстои оваа билка, потребно е да се чува на температура од 18 степени Целзиусови.

2.Кавовац

Цветовите на кавовацот, се појавуваат 5 до 6 години, откако билката ќе се посади, па затоа најдобро е да се купи веќе засадена билка. Ја суши влагата и низ просторијата шири пријатен тропски мирис.

3.Мирта

Миртата е симбол за мир и задоволство. Во минатото, луѓето верувале дека оваа билка е света, бидејќи се сметало дека може да ја врати младоста, а на патниците да им даде повеќе енергија. Во денешно време се откриени и други благодети на оваа билка. Таа ја упива влагата и ги уништува микробите во воздухот.

4. Ловор

Ловорот е симбол за победа, слава и величенственост. За да опстои оваа билка, потребно е да стои на место, кое што е студено и каде што има свеж воздух. Треба често да се полева со топла вода.

5. Стебло од лимон

Стеблото од лимон го исполнува воздухот со свежина и го впива вишокот на влага во неговата околина. Содржи голем број на лековити својства и го прочистува воздухот. Стеблото од лимон треба да стои изложено на сончева светлина и да се полева со многу вода.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена