Македонија
До 200.000 денари субвенции за угостители со ознаката „селски домаќинства“
Министерството за економија објави јавен повик за доделување субвенции за туристички цели на селски домаќинства. Право на учество имаат физичките лица кои вршат угостителска дејност и се категоризирани согласно Правилникот за добивање на ознаката „селски домаќинства“ во руралните средини.
Како што е наведено во повикот, финансиската поддршка е во износ од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари, а треба да се исполнат следните услови:
- Објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа
- Да подготвува и послужува топли и ладни јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство
- Да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби)
- Надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредна
Рокот за пријавување е 30 септември 2019 година, а парите ќе се доделуваат врз основа на принципот “прв дојден, прв услужен“.
Повеќе детали може да се најдат на веб страната на Министерството за економија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар