Гостиарски
Долно Јеловце ќе прерасне во туристичко-културен центар

Гостиварскиот регион изобилува со природни убавини и места кои се како дар од Бога за душевен мир, уживање и полнење на батериите. Како што се затоплува времето, така се почесто тема на разговор меѓу луѓето се локациите, каде може да се направи добар пикник, прошетка или да се посети некоја туристичка дестинација. Во тој контекст доаѓа една убава најава за инвестиција со која гостиварско село ќе ја збогати туристичката карта на Македонија.
Станува збор за Долно Јеловце, кое ќе прерасне во нова туристичка дестинација и вистински туристичко – културен центар.
Како што открија за Gostivarpress.mk носителите на проектот, административните процедури се веќе во завршна фаза, се утврдуваат деталите и пролетва треба да се започне со работите на терен. Од тоа што можевме да го слушнеме, може да се заклучи дека се работи за амбициозен проект, кој ќе го претвори Долно Јеловце во центар на туристичката понуда во регионот. Во план е да се реставираат и оспособат неколку стари објекти, кои ќе им овозможат на туристите да се запознаат со традицијата и културата од овој регион, да се зголемат сместувачките капацитети, дополнително да се подобри патната инфраструктура, односно локацијата да се претвори и во попатно место за одмор и преноќиште за туристите кои ќе патуваат по М3 рутата, односно Белград-Скопје-Гостивар-Охрид-Тирана. Покрај гастрономската понуда, местото ќе развива и сериозна културна димензија со тенденција да се претвори во задужбина на културните дејци од земјава и целиот свет, со организирање на ликовни колонии, театарски изведби во природа, поетски вечери и останати културно уметнички настани.
„Во оваа фаза, не би откривале повеќе детали од ова. Точно е дека се работи на нешто поголем проект, кој ќе започне со работа пролетта 2020 година и треба да го заживее целиот тој регион, а на туристите да им понуди несекојдневно уживање. Наскоро со партнерите ќе организираме промоција во медиумите, каде ќе го претставиме целиот проект“, велат носителите на пректот.
Селото Долно Јеловце е сместено во падините на Шар Палнина, на десетина километри од Гостивар. Селото, меѓу другото е познато и по манастирскиот комплекс Свети Пророк Илија, и ресторанот „Конак“ каде се служат традиционални македонски јадења во амбиент на природна убавина и чист планински воздух.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?