Поврзи се со нас

Гостивар

Донација за пожарникарите во Гостивар на иницијатива на иселеник во Словенија, Амбасадорот во посета на општината

Објавено

на

Гостиварската противпожарна единица доби донација од опрема и заштитна облека, обезбедена преку иселеникот Илјаз Демири од Добридол, кој живее во Словенија четири децении. Демири заедно со словенечкиот Амбасадор, Грегор Прескер и пожарникари од Словенија, денес беа гости на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Амбасадорот не‘ удостои да ни дојде во посета со екипа пожарникари, а иницијатор е наш сограѓанин кој живее и работи подолги години во Маробор, Словенија. Македонија и Словенија имаат фантастични односи, а секогаш не‘ поврзуваат и многу наши луѓе кои живеат и работат таму, тоа се тие мостови коишто не поврзуваат. Им благодарам и на господинот Илјаз за оваа иницијатива и на Амбасадорот.“, изјави градоначалникот.

Ова е прва посета на Гостивар на словенечкиот Амбасадор Прескер, кој седна на  амбасадорското столче пред два месеци.

„Ме радува што имаме прилика да започнеме убава соработка со Општина Гостивар. Односите меѓу нашите земји се тесни и пријателски, секако, како што рече и градоначалникот, меѓу другото, не‘ поврзуваат и луѓето со овдешно потекло кои долги години живеат во Словенија, стануваат и наши граѓани. Се надевам на соработка и во иднина“, кажа Прескер.

Задоволство што се воспоставија релации за соработка изрази и Демири.

„Во Марибор кадешто живеам пожарникарите ми се добри пријатели. Тие изразија желба да доделат донација и јас го посочив Гостивар. И со Амбасадорот имаме добри релации и драго ми е што се воспостави оваа соработка. Ова е првична донација, скромна, но за понатаму планираме да се обезбеди и нешто поголемо“, рече тој.

Делегацијата од Словенија ја посети и Противпожарната единица во Гостивар.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Тема: ПЕНЗИОНЕРИ | Гостинка: Живка Матевска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар ќе се одбележат 100 години од раѓањето на еден од најголемите херои на Македонија, Чеде Филиповски – Даме

Гостиварпред 2 недели

Потресувачки случај на самоповреда и напад во семејство во гостиварско, четири лица пренесени во болница

Гостиварпред 2 недели

Филмско разбојништво во атар на Чегране, украдени над 500 кг. марихуана од фабрика за канабис

Гостиварпред 2 недели

Гостиварката Тамара со број 6, почна гласањето за Јуниор Евросонг

Гостиварпред 4 недели

Во еден по полноќ во Гостивар приведена девојка оти нарушила ред и мир

Гостиварпред 2 недели

Лишен од слобода 51-годишен гостиварец поради физички напад врз неговата вонбрачна партнерка

Гостиварпред 4 недели

Тамара Грујеска во пресрет на Јуниорски Евросонг: Со нетрпение го чекам настапот во Ница, ќе дадам максимум од себе

Гостиварпред 4 дена

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар, ќе трае 6 месеци

Гостиварпред 1 недела

Семејна драма во гостиварско: Родителите се расправале, па синот го повредил таткото со нож

Спортпред 2 часа

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 3 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 4 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 4 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 4 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 5 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 6 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Огласи за вработување:

Advertisement
.

Популарно изминативе 100 дена