Поврзи се со нас

Македонија

Државата ќе дава ваучери за одмор од по 300 евра на работници со ниски приходи

Објавено

на

    Министерството за економија годинава ќе додели 3.555 ваучери во вредност од по 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети за работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари.

    Јавниот повик, како што информира ресорниот министер Крешник Бектеши, ќе биде објавен в понеделник на 12 февруари, а право на учество имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари. За оваа мерка, согласно Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, односно ќе се издадат вкупно 3.555 ваучери.

    „Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија. Потврдата ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година“, истакна Бектеши.

    Главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес, додаде, е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

    „Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи.“, потенцира Бектеши.

    За учество на јавниот повик, како што кажа, барателите до Министерството за економија треба да достават барање кое ќе може да го најдат на веб страницата или во Архивата на Министерството; потврда од работодавецот за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство; потврда од Агенцијата за вработување со која се докажува дека членовите на потесното семејство не се вработени; за членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа. Покрај тоа барателот треба да достави и фотокопија од лична карта и извод од матична книга за него и семејството; доказ за членовите на потесното семејство (Извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница за член од семејството); изјава дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци заверена на нотар.

    Барањата со комплетна документација се доставуваат до Архивата на Министерството за економија, на ул. „Јуриј Гагарин“15, Скопје најкасно до 29 февруари 2024 година.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Културапред 4 часа

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Занимливостипред 5 часа

    Бумери и Gen Z -две генерации, два света

    Гостиварпред 7 часа

    Засилени контроли во Гостивар: Санкционирани 61 прекршок за еден ден

    Македонијапред 8 часа

    Почина 24 годишно момче, пожарот во Кочани ја зеде шеесет и втората жртва

    Гостиварпред 10 часа

    Средба на полицијата и црковните лица во Гостивар во пресрет на Велигден

    Културапред 11 часа

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Македонијапред 12 часа

    Аптеките да не мора да ги објавуваат цените онлајн, бара Здружението на приватни аптеки

    Светпред 17 часа

    Велики четврток, пред изгрејсонце вапсани првите велигденски јајца!

    Магазинпред 1 ден

    Кога мислите нè мамат – 4 начини на размислување што ни прават штета

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 6 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Македонијапред 4 недели

    Раководител од Општина Маврово и Ростуше фатен при примање поткуп од 13.000 евра

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Рецептипред 2 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена