Поврзи се со нас

Гостивар

ДУИ по прегрупирањето во Советот: Таравари сега нема простор за изговор и манипулација

Објавено

на

По промената на силите во Советот на Општина Гостивар, која се случи на денешната седница, со соопштение се огласи гостиварскиот огранок на ДУИ.

„Денес заврши скоро двегодишниото жалење на Арбен Таравари за наводна опструкција од страна на мнозинството во општинскиот совет. Претседателот Насир Муслиу поднесе оставка, отворајќи пат за избор на нов претседател, кој беше изгласан со помош на ВМРО-ДПМНЕ и советникот Ром, кој беше во коалиција со оваа партија, на последните локални избори. Ова назначување, за жал не беше донесено со волја на мнозинството албански советници и изборот на албанските граѓани на последните локални избори. Отсега Таравари нема простор  за жалење, изговори и манипулација со јавното мислење. ДУИ ќе продолжи да ја разоткрива и  осудува политиката на локалната самоуправа во Гостивар и во иднина.“, се наведува во соопштението на интегративците.

На денешната седница, Насир Муслиу од ДУИ даде оставка, по што за нов претседател беше избран Бесим Мемеди, од Алијанса за Албанците. Неговиот избор го поддржа советникот од Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу, кој до сега во Советот делуваше во коалиција со ДУИ и СДСМ.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена