Гостивар
Фатени три лица по пријава за киднапирање кај железничка во Гостивар
Тројца кичевчани биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица во Гостивар, по пријава за обид за киднапирање.
Како што соопшти СВР, шеесет и седумгодишен жител на гостиварското село Балиндол, вчера (16 септември) околу 18 часот и 50 минути пријавил дека во непосредна близина на железничката станица во Гостивар, во возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, насилно бил внесен 56-годишниот тетовец Џ.Б, инаку вработен во неговиот угостителски објект.
„Возилото набрзина се оддалечило, по што во населбата Малеарди Џ.Б, според неговото кажување, бил симнат од возилото во кое се наоѓале три лица Д.К.(46), Н.А.(45) и Г.Д.(40) од Кичевско. Набрзо потоа, на излез од Гостивар тие се лишени од слобода и задржани во станица. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.“, наведуваат од Секторот за внатрешни работи.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди