Поврзи се со нас

Гостивар

ДУИ: Таравари не реализирал ни 10% од ветеното, проектите му се фиктивни и само за на Фејсбук

Објавено

на

Огранокот на ДУИ во Гостивар денес одржа прес конференција на која остро ја критикуваше работата на градоначалникот Арбен Таравари во изминатиот двегодишен мандат. Посочија дека не реализирал ништо од ветеното во кампањата, а проектите му се фиктивни и за да се фали на Фејбук.

„Да беше барометар на работите Фејсбук, блазе си им на граѓаните, оти Фејсбук трпи колку и да пишуваш, десетици километри асфалт, десетици километри канализација и водовод, деполитизирана администрација и образование, што се не трпи Фејсбукот на градоначалникот. Но, потенцирам дека реалноста на терен е сосема поинаква. Тој зборува за десетици километри асфалтирани патишта, граѓаните не ги гледаат, зборува за десетици километри канализација и водовод, тука сакам да го потсетам дека може да лаже колку сака затоа што се под земја и не се гледаат, зборува за чистота во градот, ние ке го потсетиме само за еден случај каде трговицте и граѓаните се соочуваат со прашината од патот секој ден и еве го прашуваме многу отворено, колку пати во годината се мие улицата Беличица? Го прашуваме Таравари: што се случи со јавниот еко транспорт? Што се случи со депонијата во Русино, од загадениот воздух и ѓубрето, лоша миризба се чувствува на секаде. Што се случи со отварањето нови фабрики и ревитализацијата на старите фабрики? Што се случи со подобрувањето на квалитетот на водата за пиење? Што се случи со подобрувањето на квалитетот на воздухот? Што се случи со функционирањето на казината. Се затворија или се намножија уште повеке? Беа овие ветувањата или манипулациите на Таравари во изборната кампања во 2017 година, за што, граѓаните му дадоа доверба. Денеска, граѓаните на Гостивар се сведоци дека ниедно од овие ветувања не е реализирано. Градоначалникот на Фејбук за овие две години го има оштетено буџетот на Општината, реализираќи непродуктивни трошења, паушални трошоци, без тендерски процедури и многу други злоупотреби за кои има забелешки од државните ревизори. Се гордее дека има реализирано големи капитални трошоци, но за жал граѓаните не ги гледаат и не ги чувствуваат, затоа што овој вид на инвестиции е фиктивен и само на хартија, зголемување кое е лажно после два ребаланси и после милиони средства трансферирани од владата во буџетот на Општината. За повеке од 2 години нема ни 10% реализирано од утописките ветувања за време на кампањата во 2017 година.“, рече Адис Исмаили од ДУИ на денешниот прес.

Исмаили посочи и дека се прават партиски вработувања во администрацијата и училиштата, а градоначалникот е неинформиран и незаинтересиран за Гостивар и поголемиот дел од времето го поминува во Скопје.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 9 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 10 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 11 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 13 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 13 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 14 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 16 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена