Поврзи се со нас

Гостивар

Градинки Гостивар: Трпези со традиционални јадења ги сплотија најмалите

Објавено

на

Дечињата од сите етнички заедници кои ја посетуваат градинката „Пролет“ во Гостивар, денес другаруваа и се запознаваа со различните традиции и култури. Тие имаа можност да вкусат традиционални специјалитети од македонската, албанската, турската и ромската кујна, коишто беа подготвени специјално за оваа пригода.

Настанот се организираше во рамки на мултиетнички проект што го спроведува Здружението Дрита агв, во соработка со Општина Гостивар.

„Ова е убав начин дечињата да се дружат меѓу себе и да се запознаат со различните култури. Сакаме да испратиме една порака на добар соживот, на разбирање и почитување на различностите.“, рече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.

Жаклина Пауновска Анѓеловиќ, од здружението рече дека задоволството да се работи со деца на вакви активности е огромно. „Искуството да се работи со намалите е навистина импресивно, затоа што тие се многу искрени. Се` што сакаме да постигнеме е да изградиме заедничко општество и еднаквост за сите’, изјави таа.

Задоволни и среќни што имаа прилика да ги покажат и потврдат заедништвото и мултиетничкиот дух на Гостивар, беа и домаќините.

„Ние сме еден мултиетнички град кадешто сите, сплотени заедно живееме и токму со тие вредности треба да растат децата“, изјави Мирјана Мицоска, директор на детските градинки во Гостивар.

На трпезите со традиционална храна се најдоа познати специјалитети како тавче гравче, различни пити, сутлијаш, селска тава, колачиња и други кои дечињата со задоволство и љубопитност ги вкусија.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 14 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 15 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 17 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 18 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена