Здравје и убавина
Два одлични рецепти за напитоци кои го прочистуваат организмот
Нездравите оброци, пиење газирани и алкохолни пијалоци, физичката неактивност го преоптоваруваат човековото тело со штетни материи, токсини. Затоа препорачливо е одвреме навреме секој од нас да направи прочистување на организмот. Секако, освен некои напитоци на природна база кои може да помогнат во тоа, пожелно е да се направат и одредени промени во навиките со исхраната, барем во временски период од 3-4 недели.
Во продолжение ви пренесуваме два рецепти за напитоци за детоксификација.
Утрински прочистувачки напиток
состојки:
1⁄2 филџан ладен зелен чај
1 банана
сок од половина лимон
Исцедете го лимонот и измешајте го сокот со бананата, која претходно ќе ја изблендирате. Потоа измешајте со зелениот чај и напитокот испијте го веднаш за ефектот врз црниот дроб да биде што појак. Поради високите антиоксидантни вредности, зелениот чај генерално е вклучен во секоја програма за детоксикација, особено затоа што има способност брзо и ефикасно да прочистува.
Ноќен прочистувачки напиток
состојки:
1⁄2 лажица куркума
парче свеж ѓумбир со големина на орев
сок од еден лимон
1⁄2 чаша вода
Исцедете го лимонот, изрендајте го ѓумбирот, а потоа измешајте ги сите состојки заедно. Овој пијалок служи како одлична превенција за камења во жолчката и ефикасно го чисти црниот дроб. Куркумата е одличен зачин за лекување на какви било проблеми со органите за варење, а воедно го штити организмот од разни вируси.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар