Поврзи се со нас

Гостивар

Две години непребол – Гостивар оддава почит на жртвите во автобуската несреќа

Објавено

на

Денешниот датум пред две години беше црн и траорен за Гостивар, поради кобната  сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 16 човечки животи. И по две години гостиварци со тага и жалење го спомнуваат трагичниот настан, што ја стресе целата земја. Автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, падна и се преврте на стариот дел од патот.

Во несреќата животите ги загубија: Дејан Ристоски, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Јовица Трпевски, Бесим Фетаи, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Бејза Узеири, Зоран Давидовски, Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Павле Костоски, Арсе Арсоски, Ферди Касо и Ерза Османи.

Владееја болка и неверување за згаснатите животи, беа прогласени денови на жалост, се одржаа комеморативни седници во спомен на жртвите. Гостивар го посетија многу државници, кои изразија сочувство и се потпишаа во книгата на жалост.

На жителите од селото Ласкарци, кои први притрчале да помагаат при несреќата, општината им додели благодарници.

Минатата година, спортски клубови покренаа иницијатива, годишнината од несреќата да се одбележи со Меморијален марш, кој се одвиваше од самото место на настанот кај Ласкарци до градскиот плоштад во Гостивар.

Меморијален марш ќе има и годинава, но поради временските прилики рутата ќе биде пократка. Ќе започне во 16.30 часот кај наплатната рампа Гостивар и ќе заврши на плоштадот. Претпладнево, во 11 часот, организаторите и градоначалникот Арбен Таравари ќе положат цвеќе на местото кадешто се случи несреќата.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица, судскиот процес се‘ уште тече.

 

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 6 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 8 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 12 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 13 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 15 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 17 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 18 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена