Забава
Единствените Балканци – Сигурно ќе се пронајдете

Балканците во светот важат за едни уникатни личности по многу работи. Ние ви издвоивме 15 нешта кои го докажуваат токму тоа. Еве по што сме единствени и се разликуваме од Германците, Американците, Кинезите и сите останати:
- Моравте да ја делите собата сè додека не наполнивте 27 години.
- На забавите обично доцните најмалку 1 час и мислите дека тоа е сосема нормално.
- Сите деца во семејството имаат прекари кои воопшто не се слични со нивните вистински имиња.
- Кога си одите од гости застанувате на вратата и зборувате барем уште еден час.
- Мајка ви секогаш ви вели дека сте премногу слаби иако имате барем 10 килограми повеќе од нормалното.
- Имате стара искината крпа во кујната и неа најмногу ја употребувате.
- Кесите од продавница ги употребувате како кеси за отпадоци.
- Никогаш не се придржувате до рецептот кога готвите.
- Кога зборувате со родителите, секогаш викаат иако знаат дека сосема добро ги слушате.
- Ако повеќе не живеете со родителите, сепак се јавуваат да ве прашаат дали сте јаделе.
- Сосема нормално е на свадбата да имате и 500 гости, некои дури и првпат во живот што ги гледате.
- Имате подобар автомобил од вашите родители, иако е на нивен терет.
- Вашето презиме се состои од 17 согласки и 2 самогласки.
- Се пронаоѓате во повеќето од овие ситуации.
- Вашата мајка вели дека промајата убива.
Сигурни сме дека се пронајдовте во некоја од овие точки, а доколку сметате дека нешто сме пропуштиле да напишеме, пишете ни во коментар и ќе го додадеме на листата.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 3 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 2 месеци
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение