Поврзи се со нас

Гостивар

Еко активности на децата во Гостивар по повод Денот на пролетта

Објавено

на

Со низа забавни и едукативни еколошки активности, најмалите во Гостивар го одбележуваат 21 Март, Денот на пролетта.

Претпладнево, градскиот плоштад беше разубавен со дечиња од градинките кои носеа костуми изработени од рециклирачки материјали со пролетна симболика на будење на природата, топлите сончеви зраци, омилените пеперутки и бубамари… Дечињата испратија заедничка порака „Чувај ја планетата Земја!“

Настанот го организираше гостиварската локална самоуправа, а го поддржа Јавната установа „Детска радост“ во чиј склоп функционираат градинките.

rec (2)
rec (3)
rec (1)
rec (4)
rec (5)
rec (2) rec (3) rec (1) rec (4) rec (5)

По повод Денот на пролетта, во градинките се организираат и приредби од воспитувачките и негувателките од групите на 4 годишна возраст. Просториите се разубавуваат со изработки во вид на цветови, пеперутки и слично, а се спроведува и еколошка акција со чистење на дворните површини.

Низа активности во чие средиште е екологијата и животната средина се организираат и во гостиварските училишта.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена