Поврзи се со нас

Гостивар

ИНТЕРВЈУ со поетот Илкер Јусуф, по повод Светскиот ден на поезијата

Денешниот датум, 21-ви март го обединува светот преку безграничната моќ на стиховите. УНЕСКО го одреди овој ден во 1999 година како Меѓународен ден на поезијата, препознавајќи ја како уникатен начин на експресија на креативниот дух на човековиот ум. Го зедовме Светскиот ден на поезијата како повод за интервју со поетот од Гостивар Илкер Јусуф, автор на стихозбирките: „Човекот што изгуби“ (2018г.), „Детето што ќе стане голем човек“ (2020 г. поезија за деца).

Објавено

на

„Поезијата прави луѓето да почувствуваат колку се вредни и единствени“

Gostivarpress.mk: Зошто и како поезијата стана дел од вашиот живот и начин да ги изразите мислите, чувствата, ставовите…?

Илкер Јусуф: Знам дека пишувам поезија од мојата деветта година. Првите напишани поезии им ги читав на моите пријатели. Кога видов дека им се допаѓаат моите песни, почнав да пишувам уште повеќе. Најголемата поддршка ја имав од наставничката по турски јазик. Ги земаше моите песни и ги праќаше да бидат објавени во списанија. Тоа ме правеше горд и популарен меѓу моите пријатели поради тоа што списанијата ни се делеа во училиштето. Јас сум дете што пораснав во една таква околина. Татко ми Сабит Јусуф е еден од најпопуларните поети во Република Македонија, секогаш пишуваше. Пишуваше дење, пишуваше ноќе. Се уште како да го слушам гласот на дактилографот. Едноставно ми беше идол и сакав да бидам како него. А, најголема гордост ми беше кога ги фалеше моите напишани зборови.

Gostivarpress.mk: Средината обично ги доживува поетите како необични, чудни луѓе кои повеќе „летаат“ во облаци отколку што чекорат по земја. Во таа насока, имате ли чувство понекогаш дека околината не ве разбира во целост, знае ли да остане несфатено она што сакате да го пренесете преку стиховите?

Илкер Јусуф: Поетите и се малку необични, чудни луѓе. Никогаш не се знае што ќе му биде инспирација за следната песна. Поради тоа можеме да кажеме дека се и малку занесени вообичаено. Во моите песни има стихови од секојдневниот живот. Има љубов, има радост, има тага, има разделба. Секој може да најде дел за себе. Пред се‘, стиховите се напишани со чувствата што сум ги имал во тој момент. Искрено и не ми е важно дали ме разбираат сите или не.

Gostivarpress.mk: Во каква поетска фаза сте периодов? Што ве преокупира како стихотворец?

Илкер Јусуф: Можам да речам дека полека влегувам во зрел период. Во моите стихови се‘ уште љубовта е во првите редови. Но, често може да се забележат и жалења за доживеаното и недоживеаното. А, се‘ уште многу сакам да пишувам поезија за деца. Тоа ме прави многу среќен. А книгата „Детето што ќе стане голем човек„ која е посветена на децата, веќе се учи и како лектира меѓу турските ученици. Тоа што гледам дека ги засакаа зборовите напишани за нив ме мотивира уште повеќе.

Gostivarpress.mk: Патот од творење до излегување пред читателската публика, односно издавање на книга е долг и комплексен, полн со бирократија и финансиски пречки. Колку сето тоа влијае врз истрајноста на еден автор да продолжи да пишува, да се бори да излезе пишаното на виделина, и како се надминуваат тие потешкотии?

Илкер Јусуф: Па, во право сте. Навистина e долг и трнлив пат. Како прво, напишаните зборови треба да бидат прифатени од страна на читателите. И за жал мислам дека творењето поезија не ја добива заслужената вредност во нашиот крај. Јас мислам дека имав среќа во врска со објавување на моите книги. Се разбира тука има голема заслуга издавачката куќа „Диван„ од Скопје што го процени мојот труд и ги издадоа моите книги. А исто така мислам дека издавањето книга преку издавачки куќи си има поголема вредност. Затоа што некој ја истражува, некој ја критикува и според тоа се решава дали вашиот труд треба и заслужува да биде објавен.

Gostivarpress.mk: Што мислите за современата поетска сцена во Македонија? Има ли услови талентите и квалитетните да се истакнат, да се издвојат?

Илкер Јусуф: Македонија си има богата историја со литературни дела. Исто така и сведочам дека имаме многу квалитетни таленти. Некогаш се обидувам и да ги преведам поезиите на овие таленти од турски на македонски и обратно. Напредокот зависи од тоа колку можност им даваме на овие таленти. На пример, колку списанија имаме што им даваат можност да ја објават својата поезија?

Gostivarpress.mk: Работите во училиште како професор, која е вашата оценка, развива ли младата генерација љубов, афинитет кон пишаниот збор и како децата и младите да се поттикнат почесто во рака да фаќаат книга наместо мобилен телефон?

Илкер Јусуф: За жал за младата генерација не може да се каже дека има навика за читање. Мораме да прифатиме дека тие се деца на технолошкиот век. Јас како професор секогаш се обидувам да им разјаснам дека има многу разлика помеѓу реалниот и виртуалниот свет. И најважниот е оној реалниот.

Gostivarpress.mk: И за крај, со оглед дека интервјуто го правиме по повод Светиот ден на поезијата, 21 Март, која според вас е моќта на поезијата, што можат стиховите да направат денес, во ова бурно време на конзумеризам и изместени материјалистички вредности…?

Илкер Јусуф: Поезијата е вредна затоа што ги тера луѓето да почувствуваат колку се вредни и единствени. Исто како и вредноста на неговата нација и земја. Поезијата е полето каде најјасно може да се покаже вистината и автентичноста. Друг аспект на поезијата што ја разликува од од другите гранки на уметноста е тоа што не се заснова на фикција.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 4 недели

Објавени добитниците на ваучери за инвертери

Македонијапред 5 дена

Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус

Гостиарскипред 4 недели

Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 недели

Голем свечен ден во Чајле, осветен и поставен крстот на црквата „Свети Атанасиј Велики“

Гостиварпред 2 недели

Полициски службеник и уште едно лице осомничени за продажба на кокаин во Гостивар, Тетово и Скопје

Вестипред 2 недели

УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ

Гостиварпред 3 недели

Во крводарителната акција на Gо Bikers од Гостивар собрани 20 единици крв

Гостиварпред 3 недели

14 годишно девојче од Гостивар пронајдено кај битолчанец, пријавено е дека имал интимен однос со неа

Гостиварпред 3 недели

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 2 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 4 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 8 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 9 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 11 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 11 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 12 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 12 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена