Гостивар
Екологија: Што поскоро Закон за репрогласување на НП Маврово

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа состанок со претставниците на ЈУ НП Маврово, Македонско еколошко друштво и Global Conservation на кој акцент беше ставен на она што треба да се преземе за што поскоро НП Маврово да добие Студија за ревалоризација и Закон за репрогсалување на Национален парк.
„За нас како Министерство од особено значење е доброто функционирање на заштитата на подрачјата што сме ги прогласиле за заштитени во различни категории на заштита. Од таа причина секогаш сме отворени за поддршка онаму каде што е потребно“, стои во изјавата од Шукова.
Како што соопштија од Министерството, на средбата се дискутирало за следните чекори и за начините на кои може да се оствари соработката во правец што поскоро да се изработи Студијата за валоризација на НП Маврово, Законот за репрогласување на НП Маврово, како и Планот за управување, што е основа за доброто функционирање на заштитеното подрачје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава