Поврзи се со нас

Гостивар

Емине Мурати избрана за судија во Апелационен суд Гостивар

Објавено

на

Судскиот совет денеска ја избра судијката Емине Мурати за судија од кривична област во Апелационен суд Гостивар. Мурати претходно беше судијка во Основиот суд во Гостивар и портпарол на истиот суд.

На денешната седница на Судски совет судијата Вулнет Винца од Основен суд Охрид беше делегиран во Струга и избран за в.д. претседател на Основен суд Струга, каде што денеска му беше утврдено пензионирање на поранешниот претседател Ифет Бајрамовски.

На денешната 477. Седница на Судски совет беше утврдена конечната ранг листа за избор на судии на Апелационен суд Штип, и тоа од граѓанска област кандидати се Тодор Поп Панев, Сузана Милевска, и Александар Цацков, а  од кривична област, Цона Каламерникова, Ѓорѓи Андонов, Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.

На седницата беа формирани Комисија за подготвување на кандидатски листи за избор на член на Советот и Комисија за утврдување на број на слободни судиски места  за основните судови во РСМ.

Планот за јавни набавки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година беше усвоен со дополнение за јавни набавки кое опфаќа шест набавки, помеѓу кои канцелариска опрема, опрема за снимање и гласање, информатичка опрема, софтвер за утврдување на сложеност на судски предмети и замена на подна покривка. Членот Селим Адеми, побара да се доуреди и набавката на симултан превод, за која рече дека е ветена одамна.

Точката со постапување по одлука на Управен суд беше повлечена, а на 12 судии поротници од Апелационен суд Гостивар им беше утврдено истекување на мандатот.

Барањето  за патни трошоци на судијката Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје, беше одобрено, додека, за барањето на судијата Александар Шопов Советот одлучи да дискутира на наредната седница.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена