Поврзи се со нас

Занимливости

ЕП против измамите со километража кај користени возила

Објавено

на

Европскиот Парламент со големо мнозинство го изгласа извештајот за манипулација со бројачите на километри при продажбата на користени возила, со кој се предлагаат законски и други решенија за спречување на таа незаконска пракса.

Со извештајот се предлага таквите измами да се третираат како кривично дело во ЕУ.

Европарламентарците предложија и низа препораки за намалување на економската штета од таквите измами.

Мерките предвидуваат создавање европска база на податоци која ќе ги собира информациите за километража на возилата, редовно читање на километражата за време на техничките прегледи и интеграција на подобри технички решенија од произведувачите, се наведува во извештајот.

Европарламентот од членките бара измамите поврзани со бројачите на километри да се третираат како кривично дело и за лицето кое бара измена на состојбата на бројчаникот и за лицето кое ќе ја изврши измената, објави Ал Џезира – Балкан.

Се проценува дека штелувањето бројчаници ја чини Европа меѓу 5,6 и 9,6 милијарди евра годишно, кои паѓаат на товар на сите, од трговците и произведувачите, до осигурувањето и купувачите.

Купувачите не само што плаќаат повеќе пари отколку што вреди користениот автомобил, туку и брзо им растат трошоците за поправка и одржување, а таквите возила се понесигурни на автопатиштата и повеќе ја загадуваат околината.

Истражувањата покажуваат дека измамите со километража се почести во случаите на прекугранична продажба на возила.

Меѓу 30 и 50 отсто од увезените користени возила имаат наместени бројачи.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена