Поврзи се со нас

Македонија

Епископ Партениј сослужуваше во манастирот на Света Параскева, близу Атина

Објавено

на

Фото: Бигорски манастир

Во изминатите два дена, 25/26 јули по нов календар, кога се слави споменот на светата Преподобномаченица Параскева Римска, со благослов на високопреосвештениот митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во Свештената Обител во месноста Мази, во Мегара, во близина на грчката престолнина Атина, на отслужената божествена Литургија заедно со митрополитот Адријанополски г. Амфилохиј и Игуменот Архимандрит г. Хризостом, сослужуваше и епископот Антаниски, г. Партениј, Игумен на Бигорскиот манастир.

Во овој патријаршиски и ставропигијален манастир се чуваат и моштите на светата Параскева, на кои дојдоа да се поклонат илјадници луѓе.

– Восхитувачки беше братскиот пречек, широкосрдечното гостопримство и смиреното и ревносно служење на браќата монаси, со нивниот свет Игумен г. Хризостом и со Високопреосветениот Митрополит Адријанополски г. Амфилохиј – наш особено драг пријател, искрен почитувач на Охридската Архиепископија и посветен борец за нејзиното прифаќање во единство со православниот свет. Во духот на гостољубието и единството во Христа, нашиот Старец и Игумен, Епископот Антаниски г. Партениј, беше пречекан и примен со голема радост и почести. Најнапред, нему му беше дадена честа да изврши водосвет на самиот почеток од празничното торжеството на манастирската слава. Потем беше пречекан претставникот од Вселенската Патријаршија, почитуваниот и Високопреосветен Митрополит Лаодикиски г. Теодорит, кој ни го пренесе благословот и молитвите на Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј. Утредента тој чиноначалствуваше на Божествената Литургија, во сослужение со домаќинот, Митрополитот Адријанополски г. Амфилохиј, со нашиот сакан Старец, Епископот Антаниски г. Партениј и со бројни архимандрити, игумени, свештенослужители од Вселенската Патријаршија, од православната Црква на Грција, како и од други земји во светот. Соборната молитва и богослужение на грчки, црковнословенски и македонски јазик, антифоното византиско пеење на браќата од нашата Бигорска Обител и од Обителта на Преподобната Параскева беше потврда дека во Христа Исуса не постојат поделби и предности, туку дека љубовта Божја е таа што исполнува сѐ и која колку повеќе се разделува, толку повеќе се умножува, велат од Бигорски.

Додаваат дела во своето празнично обраќање, почитуваниот игумен на обителта, архимандрит г. Хризостом, ја истакнал, меѓу другото, и благотворната улога на неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, во запазувањето и јакнењето на соборноста и единството на православната црква

– Во рамките на соборноста што ја поседува Вселенската Патријаршија, таа помирува и прегрнува народи, племиња и јазици, луѓе од секој род и секоја раса, но секогаш, како што честопати вели Сесветиот Патријарх, луѓе со добра волја. Така, исклучителен благослов за нас е тоа што меѓу нас се наоѓа преосвештениот Антаниски Епископ г. Партениј, од најсветата Охридска Архиепископија – црквата што Вселенската Патријаршија ја прегрна, како што и требаше според евангелското слово, и ја прими во бедрата на светата православна црква. Како игумен на прочуената и многу славна обител на Чесниот Претеча – Бигорски, тој допатува заедно со својата придружба, со своите браќа, кои, како што слушнавме, се добро ускладени псалти. Тие дојдоа за да земат учество во нашиот празник и во радоста на Света Параскева и да примат и благодат врз благодат, рекол тој.

За значењето пак, и за борбата на Вселенскиот Патријарх за православната соборност говорел и почитуваниот Митрополит Лаодикиски г. Теодорит.

– Возљубени мои браќа, како што кажа почитуваниот и мој возљубен игумен на оваа Света Обител, отец Хризостом, ја имам честа и радоста да ја претставувам Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Ние Патријархот го живееме одблизу и го вреднуваме објективно. Цели триесет години тој преставува едно светло присуство во светот. Тој е патријарх кој ја отвори својата прегратка и го прегрна сиот свет. Слушнавте дека вечерва помеѓу нас ги имаме нашите браќа од Охридската Архиепископија. Тоа е навистина дело на љубовта, на промислата, на грижата и на заштитата на православната Црква од страна на Вселенскиот Патријарх, порача г. Теодорит.

Инаку, епископ Антаниски г. Партениј на 17 месецов во Солун, во црквата посветена на мајка Богородица имаше историско бослужение бидејќи беше прво архијерејско служење на владиката Партениј во Солун.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 1 час

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 3 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 5 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 6 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 6 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 7 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 21 час

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 23 часа

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена