Македонија
Фалсификуван мед на секој чекор, да се купува само од вистински пчелари
Ако порано на патот за Охрид после Кичево можеше да се сретне по некој „див“ продавач на мед, денес тоа е секојдневие. За жал, ова зема се поголем замав па е „раширено“ и на потегот од Градско накај Прилеп, велат пчеларите.
Тие предупредуваат дека е се поголема продажбата на фалсификуван мед и затоа треба да се купува само од проверени, вистински, регистрирани производители.
-Како да се препознае вистинскиот мед од напливот на се поголемиот број фалсификати? Денес, за жал, се повеќе има мед помешан со разни сирупи за да се обезбеди брз профит, но така се уништуваат природните својства на медот, што, пак, кај консументите предизвикува различни аномалии и телесни нарушувања. Нам ни останува да ја вратиме довербата кај потрошувачите, а тоа може да го направиме само преку правилна едукација и поддршка која ја бараме од институциите – Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство и Државниот пазарен инспекторат, истакнуваат од здружението „Матица“.
Според Павле Бошкоски, поранешен претседател на Сојузот на пчелари на Македонија и на „Матица“, продавачите на лажен, фалсификуван мед, се веќе константа.
-Порано велевме „некој се појавил по патот од Кичево за Охрид или од Градско за Прилеп“, но сега оваа појава е постојана, дури фалсификуван мед има уште повеќе, нагласува Бошкоски.
Годинашното производство исто како лани, ќе ги задоволи само домашните потреби
Во однос на годинашното производство, тој оценува дека почетокот беше катастрофален поради врнежите.
-Ниту едно од растенијата не медеше, а пчелите стагнираа, па дури и се намалуваше нивниот број. Потоа настапи релативно добар период за пчеларството, што значи дека речиси сите региони дадоа добри количини мед, посебно кратовскиот и велешкиот. Но, повторно после тоа, наглите високи температури значително ги погодија низинските растенија на под 500 метри надморска висина, кои до денес не медат – од јули до сега немаме нешто што меди во низинскиот дел. Оттука, ливадски мед има многу малку. Но, во деловите со шуми, вода, реки, потоци, ситуацијата е поинаква. Сепак, морам да констатирам дека наназад веќе четири години состојбата се повторува – имаме мали количини мед или нема да биде количината поголема од онаа лани и едвај ќе ги задоволиме домашните потреби, дециден е Бошкоски.
Извоз имаме, додава, но главно нелегален.
-Доаѓаат купувачи од Албанија, одат во Реканскиот крај и земаат мед за по 10 евра. Потоа го носат во Италија и Европа. Слично е и во Охрид, Гевгелија, Струмица. Доаѓаат Грци со комбиња и откупуваат, напоменува Бошкоски.
Цената на медот 600 денари, потрошувачката се уште ниска
Според него, цената на медот во моментов е 600 денари, иако во некои делови од државата продажбата оди до 800 и 1 000 денари.
-Цената е 600 денари за тегла и веќе три години е непроменета, а така и ќе остане. Мед се продава и за 800 – 1 000 денари, но во западниот дел, во Тетовско, Гостиварско и Дебарско, но таму купувачите се од Швајцарија, Германија, Австрија,… Сепак, сметаме дека цената на медот не треба да се зголеми над 600 денари, потенцира Бошкоски.
Оценка на пчеларите е дека кај нас, за жал, медот се уште се користи главно како лек, а не редовно, во исхраната. Потрошувачката е многу мала, еден до два килограма годишно по член на семејство, додека во Европа е 10 килограми.
-Живееме во време кога напнатоста и стресот се општо прифатени како начин на живот, а тука се и големиот број вируси, алергии и болести кои пред стотина години воопшто не постоеле. Дел од нив се поради неправилната, вештачка исхрана. Единствениот начин луѓето да живеат во хармонија со природата е да ја почитуваат, да не ја загадуваат, да ги заштитуваат животните, инсектите и растенијата. Еден од даровите на природата кои од даминина се смета за храна и лек е токму медот, укажуваат од „Матица“.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди