Поврзи се со нас

Занимливости

Филџан чај од 600 евра…го подготвуваат 85 луѓе, тревките се берат пред зајдисонце

Објавено

на

Англичаните ширум светот се познати по својата отменост и елегантност, без оглед на која сфера од животот тоа се однесува. Токму тој англиски шмек комплетно може да го најдете во луксузниот хотел Рубенс, кој се наоѓа во непосредна близина на Бакингемската палата во Лондон. Тука акцентот е ставен на препознатливата традиција на пиење чај во Англија.

Ако решите да го посетите, освен што треба да сте подготвени да се препуштите на  целосен кралски третман и ексклузивно доживување, мора добро да си го подготвите и паричникот или картиците.

На влезот ќе ве пречека батлер кој ќе ја отвори вратата и ќе ве упати во раскошна просторија – салон за пиење чај. Во салонот има удобни раскошни фотелји на кои може да се сместите и да уживате. Пред да ви го сервираат чајот, ќе ви понудат и вкусни сендвичи со пилешко, шунка, сирење и зеленчук, како и разни слатки колачиња што се служат со џем и путер.

Во понудата на луксузниот хотел е кралскиот чај, кој го нарекуваат „златно искуство“ и со него оди и чаша шампањ. Чајот се подготвува од тревки кои растат единствено во одредени делови на Шри Ланка и се берат пред зајдисонце. Во неговата подготовка се вклучени 85 луѓе. Златното искуство во  хотелот „Рубенс“ ќе ве чини 500 фунти, или околу 600 евра.

Оваа услуга хотелот ја нуди само за попладневните посети, во време кога Англичаните традиционално си прават чајанка.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена