Поврзи се со нас

Гостивар

Филипче: Има начин вакцините против корона да стигнат пред март

Објавено

на

„Бројките се намалуваат значајно на новодијагностицираните, се намалува факторот на преносливост, се намалува бројот на паиенти што треба да се хоспитализираат. Болниците се практично полупразни, на инфективната клиника после долг период има над 30 кревети слободни и на интерните клиники над 100, а претходно беа слободни меѓу 20 и 30 кревети. Спласнува притисокот врз здравствениот систем. Можно е да има некаков мини пик понатаму, веројано би се должел на непочитување на мерките, но се покажа дека со овие препораки, со затворање на угостителските објекти имаме сериозен значаен ефект.  Верувам дека граѓаните ќе бидат свесни и совесни, полицијата како и сега ќе работи интензивно и ќе избегнеме криза. Инаку, здравствени систем е спремен да пресретне и евентуален следен бран. Сепак, верувам во тоа дека граѓаните ќе ги почитуваат мерките, сведоци сме дека се носат маски, нема собири.“ , изјави министерот за здравство Венко Филипче утрово при примопредавање германска донација во Поликлиниката Шуто Оризари. Министерот рече дека празниците ќе ги прослави во домашни услови во кругот на семејството, затоа што сака да биде пример за сите граѓани.

Одговарајќи на новинарско прашање околу стартот на вакцинацијата, Филипче рече дека можно е вакцините во земјава да стигнат и пред месец март. „Која вакцина ќе ја добиеме преку ковакс системот не знаеме ни ние, и ниедна земја која партиципира во тој систем. Во комуникација сме со сите земји кои понудија помош, има начин и пред март вакцините да стигнат во нашата земја. Треба да има процес на имунизација со кој ќе се постигне колективен имунитет кај 60-70% од населението“, кажа министерот.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена