Поврзи се со нас

Македонија

Филипче: Не се почитува самоизолацијата, можен е карантин за одредени подрачја

Објавено

на

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека постои можност за повторно воведување на рестрикции, како карантин, во одредени подрачја кадешто се констатира непочитување на мерките. Одлуката ќе се донесе откако ќе се анализираат состојбите во наредните неколку дена.

„Зголемениот број на случаи се најчесто од познати кластери, но има и нови кластери. Поради информациите кои ги добивме од терен од здравствените работиници за непочитување на мерките, спроведовме контроли во текот на вчерашниот ден, односно надзор во Тетово и во Штип каде се анализираа сите случаи. Заклучивме дека не се почитува самоизолацијата, и општите мерки за носење маски и одржување на дистанца не се почитуваат, како во Тетово така и во другите околни места. Има потешкотии во спроведување на епидемиолошките анкети, пациентите не соработуваат со епидемиолозите и даваат лажни податоци за адреси, за да не им бидат доставени решенија за изолација. Повторно ќе воведеме рестрикции, таргетирани, локализирани, ако епидемиолошката состојба тоа го наложи. Ќе анализираме и во следните денови и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките.“, изјави Филипче.

Министерот побара поголем аконтрола од МВР, затоа што како што рече, граѓани и со решение за самоизолација се шетаат надвор и не ги почитуваат мерките.

Во скопскиот регион поголема концентрација на заболени има во општините: Сарај, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Чаир.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена