Поврзи се со нас

Македонија

МТСП: Парична помош за сите невработени кои имале прекин на работен однос во периодот од 11 март до 30 април 

Објавено

на

Работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Тие ќе добиваат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување во времетраење од два месеца. Надоместок ќе добиваат невработените лица  на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година.

„Со дополнување на Уредбата со законска сила за примената на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, се обезбедува нивна материјална сигурност преку олеснување во поглед на основот по кој работниците останале без работа. Податоците на Агенцијата за вработување покажуваат дека во изминатиов период на голем број од невработените им бил прекинат работниот однос врз основа на потпишана спогодба, отказ  или лична изјава. Со новата уредба, сите тие добиваат право на паричен надоместок“, се вели во соопштението на МТСP.

Во Уредбата е предвидено паричниот надоместок да се исплатува во висина од 50% од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник во Република Северна Македонија, објавена за последниот месец.

За да добие паричен надоместок, невработеното лице треба да достави барање во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на новата Уредба, до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување.

Грижата за секој граѓанин е системска и губењето на работното место не дозволуваме да заврши во сиромаштија. Невработените лица имаат право на материјално обезбедување и тоа можат да остварат на брз и едноставен начин.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена