Поврзи се со нас

Гостивар

Филипче од Гостивар до медицинските лица: Вашата битка е херојска, ние водиме сметка за секој што е вклучен во борбата против ковид

Објавено

на

Министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница пред вработените порача:

„Навистина е херојска борбата што ја правите во целиот изминат период. Да се подготви и престрои системот за нешто за што никогаш ниту некој можел да предвиди дека ќе се случи, ниту очекувал. Вие и вашите колеги во сите други јавно здравствени установи тоа го направивте во исклучително краток временски период, со помош таму кадешто е најпотребна прераспределба на кадарот, помош на докторите и сестрите коишто работат на инфективното одделение и сега и на интерното пренаменето за третман на пациенти со ковид. Тоа не голема и херојска работа. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам и да укажам на тоа дека водиме сметка за секој еден којшто е вклучен во оваа битка. Со последниот ребаланс на буџетот се одвои значителна сума на средства којашто ќе оди како награда еднократна во следните месец дена за сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти.“, изјави  Филипче.

Министерот за здравство во болницата беше по повод отворањето на рековираното хируршко одделение. На настанот присуствуваше и вице премиерот Артан Груби.

„Вчера го славевме херојството на фудбалерите, и беше ден посветен на нив. Се радувавме сите заедно. Но, всушност наши секојдневни херои се оние кои секојдневно се борат со последиците од пандемијата и се нашите вистински, секојдневни херои. Им честитам, им се заблагодарувам на сите за целиот нивни придонес. Честитки и за новиот оддел, се надевам дека граѓаните ќе бидат задоволни од услугата“, истакна Груби.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена