Македонија
„Гарантирани цени“ до крајот на годината, укината забраната за акции и промоции

До крајот на годинава ќе важи мерката за намалени цени на основните прехранбени производи и алкохолните и безалкохолните пијалоци што од 20 септември се продаваат со ознаката „гарантирана цена“, а укината е одлуката за забрана на акции и промоции од страна на производителите и дистрибутерите, одлучи денеска Владата.
-По вчерашната конференција и дискусија со трговците на мало и на големо и производителите, како и со помош на Стопанската комора на Северна Македонија за да нема заблуда во делот на трговијата, денеска, на предлог на Министерството за економија, укината е Одлуката во делот на акциите имајќи во предвид дека одредени трговци на мало ја толкуваа претходната одлука како неможност за давање акции и промоции. Тоа значи дека сега и производителите и дистрибутерите ќе може да организираат такви акции со цел да ги намалат цените за потрошувачите, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.
Мерката со која производите треба да имаат 10 отсто пониски цени отколку што се продавале на 1 август годинава наместо до 30 ноември како што одлучи претходно Владата ќе важи до крајот на годината, до кога се очекува да стапи во сила законското решение за нефер трговски практики.
-Согласно сите анализи и разговори со Државниот пазарен инспекторат и Секторот економија во Министерство за економија, а имајќи во предвид дека веќе е подготвен текстот на законот за нефер трговски практики кој треба з а кратко време да биде пратен во собраниска процедура, анашите очекувања се до крајот на годината да биде усвоен, одлучивме мерката за намалување на цените и ознаката „гарантирана цена“ да продолжи до крајот на годината, односно наместо до 30 ноември да важи до крајот на годината. Дотогаш најверојатно ќе го имаме новото законско решение со нема да може да се прават злоупотреби во делот на намалување на цените, рече Бектеши.
Сите прехрабнети прозводи, како и алкохолни и безалкохолни пијалоци од Одлуката за гарантирана цена, посочи Бектеши, мора да ги имаат највисоките цени од 1 август годинава до крајот на годинава намалени со дополнителни 10 отсто согалсно со донесената одлука.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград