Поврзи се со нас

Македонија

Гаши: Ќе поднесеме иницијатива за недоверба на Владата

Објавено

на

Се собравме да докажавме дека имаме парламентарно мнозинство. Ќе поднесеме и иницијатива за гласање на недоверба на Владата, изјави вечерва лидерот на Алтернатива Африм Гаши, откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави дека има ново парламентарно мнозинство.

– Се собравме да докажеме дека имаме 61 пратеник со што ќе покренеме иницијатива за недоверба на влада. Понатаму ќе видиме како ќе течат процесите, изјави Гаши за ТВ Сител по излегувањето од Собранието.

Според првиот човек на Алтернатива, денеска имало иницијатива за собирање потписи за интерпелација на Владата и тие како опозиција се потпишале, а потоа и се фотографирале за да докажат дека тие потписи се собрани.

-Ние како опозициска партија и коалиција нормално е дека се потпишавме на тоа и денеска пред крајот на денот, еве пред малку сите заедно ние што ги ги претставуваме тие партии седнавме, направивме една фотографија за докажеме дека тие потписи се собрани. Сега за сега тоа е единствената вест. Како ќе тече понатаму процесот ќе видиме, очекуваме да видиме како ќе реагираат и другите пратеници, рече Гаши.

Не станало збор за формирање Влада, туку, како што појасни, ова е прв процес за изгласување недоверба на Владата.

-Процесот се одвива заради интерпелација на Владата. Ако се изгласа недоверба тогаш почнуваат други рокови и тогаш почнува процесот за тоа кој ќе биде мандатар, каква влада ќе се состави. Тогаш ќе седнеме пак и ќе разговараме, но е битно да знаете дека Алтернатива нема да биде дел од Влада која би се повлекла од евроалтантските процеси интеграции. Мора нашата држава да застане, да опстане члнека на НАТО да  ги зацврстиме нашите однсои , а европските интеграции мораме да ги забрзаме што побргу можеме. Ако некоја партија дел од Влада со тоа условува ние нема да бидеме дел од таква влада, рече Гаши.

Претходно претседателот на Левица Димитар Апасиев и генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари при излегување од Собранието во изјава потврдија дека има ново парламентарно мнозинство.

– Да, има ново мнозинство. Тоа е официјално. Имаме 61, со тенденција до 64, рече Апасиев одговарајќи потврдно на прашањето дали новото парламентарно мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

– Ново мнозинство, 61, рече Таравари исто така на новинарско прашање.

Мицкоски во објава на својот фејсбук профил напиша „имаме ново парламентарно мнозинство, споделувајќи заедничка фотографија во Собранието со лидерот на Левица Димитар Апасиев, генералниот секретар на Беса Арјанит Хоџа, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и генералниот секратар на Алијанса на Албанците Арбен Таравари.

Парламентарното мнозинство брои 61 пратеник, но од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат зголемување на бројот на пратеници во мнозинството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Македонијапред 37 минути

Паѓа бројот на новозаразени со коронавирус

Занимливостипред 14 часа

Најскапата пица во светот чини над 10.000 евра

Гостиварпред 16 часа

Жител на Топлица пријавил напад од соселанец

Македонијапред 17 часа

Нова цена на бензините од полноќ, дизелот без промена

Гостиварпред 17 часа

Тридневни податоци: Во земјава 889 нови позитивни на корона, во Гостивар 29

Гостиварпред 19 часа

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Македонијапред 20 часа

Македонско-бугарската комисија усвои препораки за заедничко чествување на личности од средниот век

Гостиварпред 23 часа

ОВР Гостивар приведе 44 годишник поради напад врз жена

Гостиварпред 1 ден

Околу 150 казни за брзо возење во Тетово и Гостивар

Македонијапред 1 ден

Какво време носи новата работна недела?

Гостиварпред 2 дена

На патот Кичево-Гостивар пронајдено ќесе со кокаин кај 36 годишник

Гостиварпред 2 дена

Физички напади во Гостивар – еден пред казино, друг во локал

Македонијапред 2 дена

Армијата одбележува 30 годишен јубилеј

Што, како, каде?!пред 4 дена

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Што, како, каде?!пред 2 недели

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 2 недели

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Гостиварпред 2 недели

Нападната девојка во салон за убавина во Гостивар

Македонијапред 1 недела

Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра

Гостиварпред 2 недели

Трагедија на патот Маврови Анови – Дебар, животот го загубија три лица

Гостиварпред 2 недели

Жртвите во страотната несреќа на патот Маврово-Дебар на возраст од 35, 42 и 52 години

Гостиварпред 2 недели

Чествување на Илинден во Гостивар во духот на традицијата со народни песни и ора

Локални избори 2022пред 2 недели

Мицкоски во Требиште и Жировница: Да изградиме општина која обезбедува иднина, д-р Мевмет тоа го може

Гостиварпред 7 дена

Гостивар: Лажно се претставувале како службени лица, со намера да и наштетат на верската заедница

Локални избори 2022пред 2 недели

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со порака до жителите на Маврово и Ростуше: На нашата општина му треба будење и домаќинско работење

Вестипред 2 недели

Путин: Европа треба да и се заблагодари на Турција

Гостиварпред 2 недели

Седум повредени лица во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Гостиварпред 19 часа

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 2 недели

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 1 месец

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 3 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 3 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена