Поврзи се со нас

Гостивар

Генералка во Гостивар: Таравари даде 4+ за чистотата во централното подрачје

Објавено

на

Општинската администрација, вработени во јавните претпријатија, ученици и волонтери на Црвениот Крст денес во Гостивар беа дел од еколошката акција „Генералка викенд“.

Се собраа пред општината, добија маички со еколошки пораки, ракавици и вреќи и засукаа ракави да собираат отпад низ централното градско подрачје. Ги предводеше градоначалникот Арбен Таравари, кој по направената обиколка и заокружување на акцијата даде висока оценка на хигиената во Гостивар.

„Ова е симболична активност, за да се разбуди свеста кај граѓаните да го одржуваат чист градот. Денеска ми се чини дека Гостивар е чист, можеби почист од другите денови, не знам дали Комуналец вчера спровеле некое чистење. Денеска, од 1 до 5 , би дал оценка 4+ за чистотата во централното подрачје. За хигиената во градот многу е важно и самите граѓани да придонесуваат, ако фрлаат на улица, во тоа не може да се меша ни градоначалникот, ни Комуналец, многу зависи дали граѓаните сакаат својот град да изгледа чист и дали кога имаат отпад во рака, ќе го фрлат во најблиската корпа или на улица и тротоар. Можеби сме град со најголем број на корпи, и во паркот и во централниот регион и на периферија, само последната година се поставени околу 600 нови помали корпи.“, изјави градоначалникот.

„Генералка викенд“ се спроведува во 53 општини во земјава. Акцијата има за цел да се подигне јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да се влијае на заштитата на животната средина.

Носител на акцијата е Здружението „Мen and Mountain“ .

Во рамки на активностите во големиот парк беа засадени и дрвца.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена