Поврзи се со нас

Гостивар

Гимназијата го чествува Денот на ослободувањето на Гостивар

Објавено

на

Во чест на празникот 18 Ноември, Денот на ослободувањео на Гостивар, средношколци од гимназијата под менторство на професорите Светлана Јовановска, Андријана Страшевска и Дејан Грујевски, организираа пригодно одбележување. Одржаа историски час со читање на есеј, преку кој учениците се потсетија на настаните поврзани со историските текови до конечното ослободување на градот, како и на литературни творби посветени на слободата и Гостивар.

„Се вели дека историјата е сведок на времето и сведок и светло на вистината, па затоа да ја отвориме историската  читанка за настаните од тоа време, во чест на хероите кои го дадоа највредното, својот живот за слободата. Во текот на Втората светска војна во гостиварскиот регион  војувале партизански одреди, мавровско-гостиварскиот, мавровско-кичевскиот, партизански чети и единици кои воделе тешки борби со фашистичкиот окупатор и нивните сојузници. Во акциите за ослободување на Гостивар учествувале единиците на 15-тиот македонски ударен корпус од 41 и 48 дивизија и 7-мата бригада на 49 дивизија. Во текот на НОБ во Гостивар животите ги дадоа 322 активни борци и 158 жртви на фашизмот.“, истакна во својот есеј ученичката Михаела Јаќимоска.

Во продолжение дел од презентираните творби на гимназијалците.

 Ристе Брчиоски

„Еј, ти магична убавино,
еј ти небо најсилно,
еј, ти сонце најсветло,
еј, ти земјо херојска,
од корени твои изникнаа јунаци знајни и незнајни
Денес, под знаме на сончеви зраци,
песната над песните ја пееме,
во македонската земја слободна“

Михаела Антеска

„Кога Вардар свети под сонцето,
не можеш да останеш рамнодушен.
Ги слушаш приказните што ги раскажува,
ја впиваш енергијата,
се соединуваш со секоја уличка, куќа
срцето знае-твојот дом е тука.“

Одбележувањето се заокружи со положување на буќет цвеќе на споменикот на народниот херој Чеде Филипоски Даме.

„Секогаш со гордост организираме одбележувања на значајни историски датуми, со цел да ги мотивираме и поттикнеме младите да ги почитуваат вредностите на историското минато и да дадеме свој придонес во нивното зачувување“, рекоа од гимназијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 5 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 2 недели

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Македонијапред 4 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 3 недели

Гостопримството на гостиварци и дали биле подобри домаќини од тетовци?…

Огласи за вработување:

Популарно изминативе 100 дена