Поврзи се со нас

Гостивар

Гимназијата во Гостивар дел од меѓународен проект „Мирот започнува со насмевка“

Објавено

на

Гостиварската гимназија активно се вклучи во меѓународниот проект „Мирот започнува со насмевка“, поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO. Преку серија на работилници поврзани на тема говор на омраза, гимназијалците имаа можност да се поврзат со нивните врсници од Сараево (Босна и Херцеговина), Подгорица (Црна Гора) и од беровската гимназија „Ацо Русковски“.

Поради епидемиолошката состојба проектот се реализираше преку платформата Zoom. Работилните се организираа под водство на д-р. Татјана Срчева и активистката Жана Живадиновиќ од Скопје.

„Нашето училиште, е гимназија со долгогодишна традиција во која учат ученици на албански, македонски и турски наставен јазик и во која секогаш постоела позитивна клима на соработка и меѓусебно разбирање. Со оглед на тоа дека во Гостивар живеат луѓе од различни националности и споделуваат исти идеи и социјални предизвици, нормално е дека младите луѓе ќе бидат засегнати од истите. Иако, генерално нема голема социјализација по етничка основа, има позитивна клима за промена на оваа слика. Како главен предизвик во овој правец е говорот на омраза, кој е најмногу застапен на социјалните мрежи. Со цел младите да бидат во можност да го препознаат и разобличат ваквиот негативен тренд потребно да е да се едуцираат. Преку серијата на работилници кои беа спроведени во изминатиот период учениците имаа можност да разменат информации и идеи, да споделат искуства и да развијат вештини за начините на препознавање и сузбивање на говорот на омраза.“, информираа од гимназијата.

Координатори на проектот беа училишниот педагог Мирела Ибраими и професорката по англиски јазик Снежана Китаноска, со поддршка на директорот на училиштето Мирсад Исеини.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена