Поврзи се со нас

Македонија

Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Објавено

на

Денес се навршуваат 17 години од смртта на македонскиот претседател Борис Трајковски. На годишнината од трагичното загинување на Трајковски се потсетуваме на неговата порака испратена при посетата на Гостивар во 2004 г. непосредно пред несреќата во која го загуби животот, како и на дел од неговиот говор одржан во Американската Стопанска Комора во Македонија во 2001 г.

Трајковски го посети Гостивар на покана на тогашниот градоначалник, Џемаил Реџепи. По официјалниот дел во општината, претседателот се прошета низ Гостивар и разговараше со обичните граѓани. Во разговор со нив рече дека и другите политичари треба да се спуштат помеѓу народот и да ги слушнат проблемите со кои се соочува обичниот граѓанин.

Од говорот одржан во Американската Стопанска Комора во Македонија, 2001 година:

„Ние мора да создадеме општество засновано од индивидуалци, не од колективни групи и граѓани, не етнички групи. Моја визија е да создадеме општество засновано на демократија, владеење на правото и слободна пазарна економија и конечно да создадеме општество засновано на доверба. Ние го правиме тоа, но тоа не е доволно само да се зборува за демократија, а истовремено да се дозволува цветање на криминалот и корупцијата. Не е доволно да се прифатат некои од слободите на капитализмот и слободната пазарна економија, а истовремено да се остават лошите одлики на стариот систем непроменети. Ова создаде малку богати за сметка на многу сиромашни – и тоа е погрешно. Ние не само што мораме да ги спроведеме реформите во Владата, ние мораме да ги спроведеме овие реформи и во нашиот личен живот. Со други зборови, мора да го применуваме она што го зборуваме. Со тоа ние ќе создадеме добробит за многумина, средна класа. Тоа е клучот за нашиот успех. Успешна земја заснована на слободна пазарна економија јасно е дека е многу важна како главна потпора за сигурна и стабилна демократија. Со цел земјата да биде успешна мора да постои повисоко ниво на доверба кое ќе овозможи поголема економска активност и создавање на богатство.“

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 1 недела

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 4 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена